По долгиот молк по референдумот за Договорот за името, се огласи Европската Народна Партија, каде членува ВМРО ДПМНЕ. Шефот на партијата, Жозеф Дол, твитна синоќа дека е разочаран од односот на нивната сестринска партија во процесот за името.
An important decision looms for the future of the former Yugoslav Republic of Macedonia & the entire region within the #EU & @NATO. I remain disappointed by the opposition's role in this process to date, constructive cooperation must prevail over boycott. 1/2
— Joseph Daul (@JosephDaul) October 8, 2018
Dialogue between those in power in the former Yugoslav Republic of Macedonia and the opposition is necessary as this is an important part of a fully fledged #democracy. 2/2
— Joseph Daul (@JosephDaul) October 8, 2018
-Треба да се донесе важна одлука за иднината на поранешната југословенска Република Македонија и целиот регион во ЕУ и НАТО. Останувам разочаран од досегашната улога на опозицијата во процесот, конструктивноста мора да надвладее над бојкотот. Дијалогот меѓу оние на власт во ПЈРМ и опозицијата е потребен бидејќи ова е важен дел од демократијата, напиша Дол.
ЕПП долго време одбиваше да реагира, извори во партијата велат дека имало обид за дијалог со ВМРО ДПМНЕ.