А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Европскиот суд за човекови права утврди повреда на правото на слобода на движење

by А1он25/10/2023 - 10:31241
Share0

Европскиот суд за човекови права донесе пресуда во случајот „Мемедова и другите против Северна Македонија“ и утврди дека на четири лица, граѓани на С. Македонија, припадници на ромската етничка заедница, им било повредено правото на слобода на движење и забраната за дискриминација од страна на граничните служби, информираа денеска од Македонското здружение на млади правници (МЗМП).

Добивај вести на вибер

– Овие четири лица беа жртви на незаконската пракса која ја применуваше МВР во период од 2011 до 2016 со која на лицата од ромската етничка заедница, им беше честопати забранет излез од државата, без законска основа и честопати на начин со кои се повредува нивното човеково достоинство, се наведува во соопштението.

Македонското здружение на млади правници, во соработка со тим од адвокати и со Европскиот центар за правата на Ромите обезбедуваше правна помош на овие лица за водење постапки пред домашните судови. За четирите лица, за кои се однесува одлуката од Европскиот суд за човекови права, се посочува, МЗМП обезбеди адвокати и ги покри трошоците за водењето на постапките вклучувајќи го и изготвувањето на жалбите и застапувањето пред Европскиот суд за човекови права.

Од МЗМП сметаат дека со оваа одлука практика на државните органи која погрешно се оправдуваше како заштита на штотуку воспоставениот безвизен режим, како што велат, доби и квалификација од страна на Европскиот суд за човекови права како дискриминаторска и која спротивно на Европската конвенција за човекови права ја ограничуваше слободата на движење на нашите сограѓани од ромската етничка заедница.

– ЕСЧП утврди дека жалителите, сите од ромска етничка припадност, се соочиле со дискриминација од рацете на граничните полицајци. Пресудата нагласува дека таквата дискриминација е кршење на основните човекови права. Исто така, правото на апликантите на слобода на движење беше непобитно повредено како и сторената дискриминација.Судот утврди дека тие биле издвоени исклучиво поради нивната ромска етничка припадност. Во одлуката беше забележано дека дејствијата на службениците и органите за гранична контрола немаат какво било објективно или разумно оправдување. Дискриминаторските практики беа очигледни, без оглед на индивидуалните околности на апликантите, се наведува во соопштението.

evropski sudevropski sud za covekovi prava

Би можело да ве интересира

Судии, обвинители, адвокати-вкупно 21 кандидат за судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур

Горан Наумовски03/05/2025 - 12:26

Спиро Ристовски неоправдано бил држен во притвор за „27 април“ одлучи судот во Стразбур

Катерина Ѓуровски16/01/2024 - 13:4316/01/2024 - 14:23

Македонија единствена во регионот без уставна жалба, со неа се избегнуваат долгите постапки пред ЕСЧП

Горан Наумовски27/11/2023 - 09:11

Сексуални работнички ја добија правдата во Европскиот суд за човекови права, Македонија треба да им плати 13.300 евра

Горан Наумовски26/09/2023 - 10:3126/09/2023 - 10:36

ВМРО-ДПМНЕ: Владата да не слави за одлуката во Стразбур, судот само констатира дека апликациите се преуранети

Катерина Ѓуровски16/02/2023 - 13:00

Ковачевски: Одлуката на ЕСЧП е огромна победа и успех на државава

Катерина Ѓуровски16/02/2023 - 12:12
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен