Европскиот парламент незадоволен од блокадата за Македонија

Од:

Европскиот Парламент смета дека вчерашната блокада од Бугарија за старт на преговори со Северна Македонија го попречува помирувањето во целиот регион, јави дописничката на МИА од Брисел.

Илхан Ќучук, известувачот за Северна Македонија и Андреас Шнајдер, претседател на делегацијата на Европскиот парламент за Северна Македонија во заедничко соопштение побараа да се донесе одлука за почеток на преговорите без дополнително одлагање.

– Неуспехот на министрите за европски прашања да ја одобрат преговарачката рамка за Северна Македонија, одложувајќи ги преговорите за членство во ЕУ го загрозува кредибилитетот на ЕУ во Западниот Балкан, сметаат европратениците преку официјално соопштение на Европскиот Парламент.

Тие бараат да се даде приоритет на европско решение наместо на унилатерални интереси на земји членки.

Европскиот парламент смета дека неспособноста да се постигне компромис се должи на ветото на Бугарија и дека со тоа се става во опасност целото регионално помирување.

– Го признаваме напредокот остварен од страна на Скопје во темелните демократски и економски реформи и ги повикуваме сите страни да продолжат со конструктивен дијалог заснован на добрососедски односи и имплементацијата на Договорот за пријателство, во согласност со предвидлив, објективен пристапен процес за ЕУ заснован на заслуги, вели Европскиот парламент, додавајќи дека првата меѓувладина конференција треба да се одржи до крајот на оваа година за да се покаже дека тој дијалог носи резултат.

Би можело да ве интересира

ЕУ: За жалење е одлуката на САД за укинување на санкциите за рускиот дизел

ЕУ најавува трет повик за стратешки рударски проекти до крајот на 2026 година

А1он

Москва: Трамп се обидува да ја реши украинската криза, Европа го продлабочува конфликтот

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Бугарија не учествува во никакви консултации за повторно преговарање за обврските на Македонија, вели Петрова

Катерина Ѓуровски

Средба на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова

Предраг Петровиќ