А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Европски хепенинг „Сите заедно под исто европско небо“

by А1он17/05/2013 - 08:17241
Share0

Европски хепенинг под мотото „Сите заедно под исто европско небо“ ќе се одржи денеска во Паркот на франкофонијата во организација на општина Центар и во соработка со делегацијата на Европската Унија во Скопје.

Добивај вести на вибер

Во реализација на програмата ќе учествуваат околу 700 деца од сите основни училишта и детски градинки во општината, како и 15-тина конобари од кафулињата и ресторани во општината кои ќе се натпреваруваат на традиционалната Трка на конобари.

Основните училишта ќе ги претстават сите 28 земји-членки на Европската Унија, преку симболично претставување на нивните карактеристики, традиции, значајни ликови кои оставиле белег низ историјата на секоја земја.

Традиционално, манифестацијата ќе започне со химната на ЕУ и со обраќања на градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски и амбасадорот на ЕУ во Скопје, Аиво Орав.

Во рамки на програмата ќе се одржат настани на неколку локации низ Паркот на франкофонијата. На поставената и брендирана бина во знакот на ЕУ, ќе се одржи музичко сценска програма на која децата од училиштата и градинките преку танц и музика ќе ги претстават земјите-членки на ЕУ.

На повеќе локации секое основно училиште од општината ќе има можност да претстави по четири земји-членки на ЕУ, при што посетителите ќе можат да се запознаат со најзначајните обележја на земјите. Покрај училиштата, свои катчиња ќе имаат и дечињата од градинките кои пак ќе ја претстават Македонија на патот кон ЕУ. На посебен дел од Паркот, ќе биде поставено платно на кое ученици од секое училиште ќе цртаат графити на тема: „ЕУ низ призмата на младите“.

Најбрзиот во Трката на конобари ќе добие пехар од градоначалникот на општина Центар, како и парични награди за прво, второ и трето пласираниот конобар.

Хепенингот има и натпреварувачки карактер, а учениците ќе се натпреваруваат во три категории: најкреативно катче, најкреативен графит и најдобар музичко-сценски настап.

centarevropa

Би можело да ве интересира

Путин: Ако Европа сака да војува, Русија е веднаш подготвена

Горан Наумовски19/02/2026 - 14:30

САД се повлекува, Европа го презема кормилото на НАТО

Горан Наумовски17/02/2026 - 21:04

Шиплин: Подобро е да се тргува отколку да се војува со Русија

Горан Наумовски28/01/2026 - 07:5628/01/2026 - 07:57

Европа во страв: Руските нуклеарни закани предизвикуваат загриженост

Горан Наумовски20/01/2026 - 12:40

„Политико“: Европа размислува како да го ограничи Трамп

Горан Наумовски16/01/2026 - 11:20

Европа испраќа 34 војници да го „одбранат“ Гренланд од САД

Горан Наумовски16/01/2026 - 10:09
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен