Европски хепенинг по повод Денот на Европа

Од:

Европскиот хепенинг што општина Центар традиционално го организира веќе 7 години во соработка со Делегацијата на Европската Унија во Скопје, годинава поради лошите временски услови беше одложен и истиот ќе се одржи 17 мај 2013 година (петок), со почеток од 10:45 до 13:30 часот, во Паркот на Франкофонија.

Годинешната манифестација е под мототo „Сите заедно под исто европско небо“.

Во реализацијата на програмата ќе земат учество околу 700 деца од сите основни училишта и детски градинки во Општината, како и 15-тина конобари од кафулињата и ресторани во Општината, кои ќе се натпреваруваат на традиционалната Трка на конобари. Она што е карактеристично за годинешниот хепенинг, е што основните училишта ќе ги претстават сите 28 земји членки на Европската Унија, преку симболично претставување на нивните карактеристики, традиции, значајни ликови кои оставиле белег низ историјата на секоја земја.

Традиционално манифестацијата ќе започне со химната на Европската Унија и со обраќања на Градоначалникот на Општина Центар Андреј Жерновски, Амбасадорот на ЕУ во Скопје Аиво Орав и Вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими.

Годинешната програма изболува со богата содржина и настани кои ќе се случуваат паралелно на неколку локации низ Паркот на Франкофонија:

–  На поставената и брендирана бина во знакот на Европска Унија, ќе има специјална дваипол-часовна музичко сценска програма, на која децата од училиштата и градинките преку танц и музика, ќе ги претстават земјите членки на ЕУ;

–  На повеќе локации низ Паркот на Франкофонија, секое основно училиште од Општината, ќе има можност да претстави по четири земји – членки на Европската Унија, при што посетителите ќе можат да се запознаат со најзначајните обележја на земјите. Покрај училиштата, свои катчиња ќе имаат и дечињата од градинките, кои пак ќе ја претстават Македонија на патот кон ЕУ;

– Додека трае Програмата, на посебен дел од Паркот, ќе биде поставено платно, на кое ученици од секое училиште ќе цртаат графити, на тема: „ЕУ низ призмата на младите“;

–  Во Паркот на Франкофонија и овој пат ќе се одржи традиционалната Трка на конобари. Најбрзиот и најспретниот конобар ќе добие пехар од Градоначалникот на Општина Центар, како и парични награди за прво, второ и трето пласираниот конобар;

На задоволство на сите учесници, овој хепенинг има и натпреварувачки карактер, со тоа што оваа година, учениците ќе се натпреваруваат во три категории: најкреативно катче, најкреативен графит и најдобар музичко-сценски настап.

Би можело да ве интересира

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

EУ стравува од терористички напади, најголемата закана се напаѓачите „волци“

ММФ ја предупреди Европа: Не се радувајте предвреме

ВИДЕО: Објавени сателитски снимки од движењето на бурата над Европа

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Силната бура што ја погоди Европа однесе жртви од Холандија до Италија

Катерина Ѓуровски