ВИДЕО: Европски хепенинг на Општина Центар и ЕУ по повод Денот на Европа

Од:

Општина Центар и Делегацијата на Европската Унија, по 12-ти пат, го одбележаа „Денот на Европа“ со традиционалниот Европски хепенинг.

Околу 300 ученици од седумте основни општински училишта пееја, цртаа и изработуваа постери на тема „Да ја заштитиме животната средина“. Со ова, општина Центар го даде својот придонес во еко кампањата на Европската Унија.

„Среќен сум што денеска го славиме Денот на Европа со младите, со нашата иднина. Младите луѓе не се само наша иднина, туку и наша сегашност. Тие се носители на нашиот мир, солидарност и обединување. Денот на Европа е наш заеднички празник. Среќен сум тука што го славиме со децата од училиштата од општина Центар. Да направиме сѐ за сите да станеме идни граѓани на Европската Унија, а вашата енергија да ја донесете во нашата заедничка Европа“, рече евроамбасадорот Самуел Жбогар.

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, посочи дека децата од Центар и од Македонија заслужуваат да бидат дел од Европското семејство.

„Заедничкото Европско семејство ги негува мирот и толеранција како вредности на Европската Унија и ние треба сите заедно да направиме повеќе од она што денеска го правиме. Секогаш кажувам дека нашите деца се прекрасни и умни. Проблемот е кај нас, возрасните. Затоа, да го дадеме максимумот да не се споменува Македонија по лошо, туку од овде да праќаме убави слики и пораки. Наша заедничка цел е прием на Република Македонија во Европската Унија и уверен сум дека Македонија ќе биде уште една ѕвезда на Европското небо“, рече градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.

Жбогар и Жерновски имаа навистина тешка задача за да ги изберат најдобрите. Наградата од Европската Унија за најдобар еко постер ја добија учениците од основното училиште „Кочо Рацин“, а од општина Центар, учениците од основното училиште „Св. Кирил и Методиј“. Нивниот труд ќе биде изработен како постер.

Еко химната на основното училиште „Димитар Миладинов“, поради самостојниот авторски труд на учениците, беше одлучувачко за амбасадорот Жбогар да ги прогласи како победници.

За најдобар музичко-сценски настап, градоначалникот на општина Центар се одлучи за учениците од основното училиште „Гоце Делчев“. Како што рече Жерновски, сите деца се победници денес, бидејќи испратија јасна порака – да ја сакаме Македонија, Европа и планетата земја.

Би можело да ве интересира

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски

Герасимовски: Со директорите на училиштата и градинките договоривме конкретни мерки, дератизација, дезинсекција и дезинфекција на сите училишни објекти

Герасимовски: Овој ден е важен, затоа што со секој глас се гради демократијата и иднината на Општина Центар

Горан Наумовски

(ИНТЕРВЈУ) Мирослав Лабудовиќ: Целосна реконструкција на улиците во Центар за ослободување на просторот од хаосот

Предраг Петровиќ