„Европски фронт“ поднесе тужба до Управен суд за прегласувањето во Желино

Од:

Управниот суд соопшти дека е оформен предмет за тужбата што синоќа ја поднесе Коалицијата „Европски фронт“ на решението на Државната изборна комисија (ДИК) за прегласувањето на изборното место 2101 во село Ларце во Општина Желино и оти итно ги преземат сите процесни дејствија согласно Изборниот законик.

Рокот за одлучување од страна на Управниот суд е 48 часа по приемот на тужбата.

– Управниот суд ја известува јавноста дека на ден 28.05.2024 година по поднесенa тужба од Коалиција ЕВРОПСКИ ФРОНТ на Парламентарните избори 2024 против Решение УП1 бр. 10-33 од 27.05.2024 година на Државната изборна комисија на РСМ, оформен е предмет УРП.бр. 95/24. Со оглед на роковите за постапување и одлучување, Управниот суд итно ги презема сите процесни дејствија согласно Изборниот законик, наведува Управниот суд во објава на веб страницата.

ДИК завчера на седница не го прифати приговорот од Европскиот фронт за прегласувањето во Ларце каде по прегласувањето, Европскиот фронт загуби еден пратеник во однос на резултатите од 8 мај, а Коалицијата „Вреди“ доби еден пратенички мандат.

Според првичните резултати по прегласувањето во седум избирачки места во изборните единици 5 и 6 на парламентарните избори 2024, Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува со 58 пратенички мандати, Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ загуби еден пратеник и има 18 пратенички мандати, исто колку и Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ. Коалицијата „Вреди“ по прегласувањето доби еден пратеник повеќе и сега има 14, додека Движење ЗНАМ за наша Македонија и Левица остануваат со по шест пратенички мандати.

Би можело да ве интересира

ДИК: ВМРО-ДПМНЕ води во 55 општини, СДСМ, Вреди и НАИ во 7

До 17 часот излезеноста e 39,61 отсто

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Шабани: Сите изборни органи да ги следат насоките од ДИК и да не ги попречуваат медиумите во извршувањето на нивната работа

До 13 часот излезеноста 20,12 отсто, во Скопје 20,07 отсто

(ВИДЕО) ДИК: Излезеноста на локалните избори до 11.15 часот е 9,38 отсто

Горан Наумовски