Европската Унија ја стави Македонија на листата безбедни земји

Од:

Амбасадорите на ЕУ денеска се согласија дека за Македонија, Албанија и Србија треба да се укинат рестрикциите за несуштински патувања, одлуката треба да биде официјализирана во следните денови.

Оваа информација ја потврдија денеска од португалското претседателство по средбата на амбасадорите на ЕУ во Брисел (КОРЕПЕР).

Одлуката сега треба да биде формално објавена во Службениот весник на ЕУ со што ќе стапи на сила, најверојатно во петок. Прашањето е техничко и не би требало да покрене каков било политички проблем.

Останува дека и за несуштински патувања лицата од овие три земји треба да бидат или целосно вакцинирани со вакцина одобрена од ЕУ или од Светската здравствена организација. Доколку не се вакцинирани, треба да приложат негативен ПЦР тест.

Би можело да ве интересира

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија