Европската унија ја потсетува Сиљановска дека мора да се почитуваат важечките договори

Од:

Европската унија изразува жалење поради фактот што новата претседателка Гордана Сиљановска-Давкова, не го употреби уставното име на државата на денешната церемонија на давање заклетва, соопшти Службата за надворешни работи на ЕУ (ЕЕАС)

– ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на постоечките, правно обврзувачки договори, вклучувајќи го и Договорот од Преспа со Грција, се наведува во соопштението од ЕЕАС.

Претходно, и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен преку социјалната мрежа Х порача дека Северна Македонија треба да продолжи со пристапувањето во ЕУ преку спроведување на реформите и почитување на склучените договори, меѓу кои и Преспанскиот.

– За Северна Македонија да го продолжи својот успешен пат кон пристапувањето во ЕУ, најважно е земјата да продолжи по патот на реформите и целосно почитување на нејзините обврзувачки договори, вклучително и Договорот од Преспа, напиша Урсула фон дер Лајен.

Би можело да ве интересира

Европа контра Трамп, подготвува нов пакет санкции за Русија

Сиљановска-Давкова: Време е да се однесуваме кон државата како кон заеднички дом

Катерина Ѓуровски

Дали претседателката Сиљановска-Давкова легитимира организации поврзани со движења против правото на абортус, прашува Мрежата за заштита од дискриминација

Катерина Ѓуровски

Средба на Сиљановска-Давкова со Урсула фон дер Лaјен

ЕУ нуди пристап до заедничкиот пазар на земјите кандидатки, но под услови и можност за суспензија

Катерина Ѓуровски

Фон дер Лајен в петок доаѓа во Скопје

Катерина Ѓуровски