Европската народна партија ја заведе ВМРО-ДПМНЕ како партија од Република Северна Македонија

Од:

Конзервативната и демохристијанска европска политичка партија, Европската народна партија, EPP, на официјалната интернет-страница, ја напиша опозициската ВМРО-ДПМНЕ како партија од Република Северна Македонија. Ова значи дека најголемата политичка групација во Европскиот парламент официјално го прифати Преспанскиот договор и новото име на државата.

Oфицијалниот став на партијата ВМРО-ДПМНЕ е дека Договорот од Преспа со кој беше постигната промена на името на државата за севкупна употреба е капитулација за државата. Членка на ЕПП е и грчката партија Нова демократија, која беше против Преспанскиот договор да помине во парламентот во Атина. Европската народна партија е формирана во 1976 година од воглавно демохристијански партии. ЕПП е најголема партија во Европскиот парламент од 1999 година, и во Европскиот Своет од 2002 година.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?