Европската федерација на новинари со огромна загриженост за неовластеното следење на новинари

Од:

Европската федерација на новинари реагира на илегалното прислушување на новинарите.

„Македонската влада е обвинета за прислушкување на над 20.000 граѓани, вклучително и повеќе од 100 новинари.

Европската федерација на новинари (ЕФН) и членката претставник на македонска страна – Самостојниот синдикат на новинари и медиумиски работници (ССНМ) изразуваат огомна загриженост за јавно изнесените наводи за масовно неовластено следење на новинарите и граѓаните.

Зоран Заев, лидерот на централно-левата опозициска партија СДСМ објави детали за масовно прислушување на над 100 македонски новинари, повеќе од три години наназад.

„Ова прекршување на приватноста директно влијае врз медиумската слобода во Македонија, стимулирајќи клима на самоцензура“, рече Морген Блихер Бјерегард, претседел на Европската федерација на новинари.

„Со години гласно повикуваме дека македонскатра влада – во суштина, мала групација во владата – ја контролира работата на новинарите и содржината во медиумите. Ние го знаевме тоа. Но, ужасувачки е да се слушнат доказите за тоа“, рече Тамара Чаусидис, претседателка на ССНМ.

Состојбата со слободата на медиумите сериозно се влошува во Македонија, пред сè поради растечките закани и притисоци врз критичките медиуми од страна на премиерот Никола Груевски. Македонија пад на од 34 место во 2009 до 117 место во 2015 година на Светскиот индекс на слобода на медимите подготвувам од Репортери без граници. Висококонтроверзното судење на Кежаровски сè уште е сериозен проблем и грижа на Европската федерација на новинари и Светската федерација на новинари“„ стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Организаторите на пучот во Германија купувале оружје и во Хрватска

Горан Наумовски

Пучдемон бара од Општиот суд на ЕУ да му го врати европратеничкиот имунитет за да избегне екстрадицијата во Шпанија

Ана Ололовска

42 илјади евра ќе му плати државата на Верушевски зашто бил неосновано притворен

Васко Маглешов

(ВИДЕО) Судот со двојни аршини: За „Пуч“ дозволи, за 27 април обвинението се оценува без јавноста

Васко Маглешов

Верушевски за душевна болка бара 71 илјади евра од државата зашто бил неосновано уапсен и притворен

Васко Маглешов

ВИДЕО: Ако не чуле обвинителите досега, еве сега нека истражат кој нè местел во „Пуч“, повика Заев

Васко Маглешов