А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Европска недела: Од утре можност за бесплатно тестирање за ХИВ

by А1он16/11/2017 - 13:05160
Share0

ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување по четвртипат ја одбележува Европската недела на тестирање за ХИВ, која годинава трае од 17 до 24 ноември.

Добивај вести на вибер

Организирана како заедничка акција на повеќе од 400 организации од Европа кои работат на превенција и грижа за ХИВ, Европската недела на тестирање за ХИВ има за цел да информира за придобивките од тестирањето за ХИВ и за опциите за тестирање, терапија, грижа и поддршка, со што се подига свеста кај општото население, се надминува стигмата и се поттикнуваат граѓаните да го дознаат својот ХИВ-статус.

„Сите имаме ХИВ-статус. Го знаеш ли својот?“ е пораката со која ХЕРА годинава ги охрабрува сите да се тестираат за ХИВ, а особено оние кои имале незаштитен сексуален однос потсетувајќи дека кај нас сексуалниот е најчестиот начин на пренесување на ХИВ.

Тестирањето за ХИВ е доброволно, бесплатно, доверливо и брзо. Токму затоа, во текот на Европската недела, младинскиот центар „Сакам да знам“ на Водно ќе работи со продолжено работно време, односно ќе нуди советување за ХИВ и тестирање со брзи ХИВ-тестови секој ден од 17 до 24 ноември во период од 15.00 до 21.00 часот. Бесплатна за преземање е и мобилната апликација ХИВ ТЕСТ на Гугл плеј (Google Play), која дава информации за ХИВ и за најблиската локација каде што може бесплатно да се добие советување за ХИВ и да се направи ХИВ-тест.

Најновите податоци укажуваат дека во Европа има околу 1,2 милиони луѓе со ХИВ, од кои 25% не се свесни дека се ХИВ-позитивни, а половината доцна го дознаваат својот ХИВ-статус со што се одложува пристапот до терапија. Кај нас, пак, според проценките на Светската банка и Министерството за здравство, на крајот на 2014 година биле дијагностицирани околу 50% од лицата што живеат со ХИВ, додека другите не биле свесни за својот ХИВ-статус.

hiv

Би можело да ве интересира

Платформата за ХИВ бара неопходниот буџет за заштита на населението од ХИВ-инфекција

Горан Наумовски06/12/2024 - 12:15

Нови случаи на ХИВ и еден на СИДА во Македонија, сите се мажи на возраст 20 и 39 години

A1on20/03/2024 - 14:31

Бесплатни тестирања за ХИВ и други сексуално преносливи болести од 20 до 26 ноември

Предраг Петровиќ19/11/2023 - 13:05

За еден месец осум нови случаи на Сида – тројца странци со престој во Македонија

А1он18/09/2023 - 13:4518/09/2023 - 13:50

Европската недела на тестирање за ХИВ: Секој ден тестирање во Младинскиот центар на ХЕРА со брзи ХИВ тестови

Ана Ололовска22/11/2021 - 11:20

МЗ: И покрај пандемијата со Ковид-19, со програмата за заштита на населението од ХИВ се постигнати значајни резултати

Ана Ололовска01/12/2020 - 13:53
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен