Европска комисија: Националните агенции се законски одговорни за погрешно потрошени фондови

Од:

Европската комисија за „А1он“ вели дека го следи случајот со обвинувањата за програмата „Еразмус +“, но во оваа фаза детали нема да открие. Од Комисијата уверуваат дека ќе ги откријат евентуалните нерегуларности.

„Она што можеме да го кажеме во оваа фаза е дека Комисијата е запознаена со обвинувањта во врска со спроведувањето на програмата Еразмус +. Сите такви обвинувања се следат и онаму каде што е вклучено финансирање од ЕУ, нерегуларното трошење ќе биде идентификувано и поправено. Комисијата не може да даде повеќе детали додека трае следењето“, изјавија од Европската комисија за „А1он“.

Од таму нагласуваат дека Европската комисија ја делегира имплементацијата на програмата на Националните агенции (НА) под индиректно управување.

„Националните агенции се законски одговорни за какви било погрешно потрошени фондови“, велат од Комисијата.

Европската комисија, заедно со националните власти и независните тела за ревизија, го надгледуваат целокупното функционирање на националните агенции.

Онаму каде што што постои сомневање за измама, случаите се упатуваат на ОЛАФ, од каде може да се дадат препораки за износи што треба да се вратат и да се предадат случаите на органите за борба против измама во земјите на програмата.

„Европската комисија има пристап на нулта толеранција кон измама и ќе ги поврати сите погрешно потрошени суми“, велат од Комисијата.

Директорката на Националата агенција, Лидија Димова не е загрижена што Брисел ќе го испитува трошењето на парите од „Еразмус“. Таа вели дека и е мило ако се отворило случај.

„Јас не сум загрижена бидејќи знам како функционира бриселскиот систем. Сосема е логично, а мене ми е мило што отвори истрага. Ако ништо друго, ќе се обелодени дека тука има нешто гнило. Мене ми е тоа мило, ако навистина отворија случај за случајот. Во овој предмет не е проблем Златковски или јас како директорка. Ние сме менлива категорија. Она што е проблематично е што се извалка програмта „Еразмус+“, која е најпопуларната програма во ЕУ моментално. Не сум загрижена, апсолутно, воопшто“, рече Димова

Би можело да ве интересира

Македонија треба да врати 2,2 милион евра злоупотребени од програмата Еразмус+

Катерина Ѓуровски

Короната го одложува исказот на Лидија Димова, благајничката и соработникот, но и одлуката за обвинението

Кристијан Ландов

Националната агенција ги прекина проектите вредни 211 илјади евра на фризерницата на Златковски

Златковски дал исказ пред обвинител, Димова, Гочев и Павлиду ќе се сослушуваат од идната недела

Кристијан Ландов

Обемен доказен материјал против Лидија Димова и другите осомничени, истрагата може и да се прошири

Димова пред да ја разрешат исплатила 26 илјади евра кон фризерницата, додека Финансиската полиција водеше истрага

Кристијан Ландов