Европратеникот Ксукла го осуди „Пуч“, па се премисли, сега бара независна истрага и правда

Од:

Претседателот на групата Алијансата на либерали и демократи за Европа, (ALDE) во Парламентарното собрание на Советот на Европа, шпанскиот пратеник Жорди Ксукла, пред една недела даде негативна оцена на дејствувањето на лидерот на опозицијата во Македонија, велејќи дека ги осудува заканите на Заев кон премиерот Груевски.

„Сакам да ги осудам заканите кои ги прави Зоран Заев, претседател на опозициската СДСМ, кон претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски и инволвираноста на странските тајни служби во секој вид на нелегално снимање и прислушкување насочено кој највисоките државни претставници на Македонија“, изјави изјавата на Ксукла.

Понатаму тој во изјавата што ја пренесоа провладините медиуми во земјава, додава дека Заев од претседателот на Владата побарал да поднесе оставка под закана дека во јавноста ќе бидат објавени материјали направени од странски тајни служби, на кои се наоѓаат снимени телефонски разговори и документи на највисоките државни претставници.

„Убеден сум дека повеќето од нив не се точни и дека се производ на странски тајни служби“, изјавил Ксукла на 16 февруари .

Во својата денешна изјава шпанскиот политичар дава сосема спротивна оцена и вели дека АЛДЕ со голема загриженост ја следи политичката криза во Македонија и дека Сите сериозни обвинувања кои испливаа на површина мора да бидат истражени.

„Со оглед на новите моменти кои излегоа во изминатиот период, јас како претседател на АЛДЕ ќе го известам Комитетот за Мониторинг за тежината на ситуацијата и ќе го охрабрам да преземе соодветни дејства. АЛДЕ цврсто верува во недвосмислената потреба од изнаоѓање на демократско решение за долготрајната криза во Македонија. Сето ова треба да биде изведено во согласност со принципите на владеење на правото и човековите права, принципи кои се особено ценети од сите либерали. Сите сериозни обвинувања кои испливаа на површина мора да бидат истражени во целосна согласност со заложбите на кои Македонија е обврзана со самото пристапување во Советот на Европа. Независноста на правдата е врвен императив“, вели во денешната изјава Ксукла.

Би можело да ве интересира

Организаторите на пучот во Германија купувале оружје и во Хрватска

Горан Наумовски

Пучдемон бара од Општиот суд на ЕУ да му го врати европратеничкиот имунитет за да избегне екстрадицијата во Шпанија

Ана Ололовска

42 илјади евра ќе му плати државата на Верушевски зашто бил неосновано притворен

Васко Маглешов

(ВИДЕО) Судот со двојни аршини: За „Пуч“ дозволи, за 27 април обвинението се оценува без јавноста

Васко Маглешов

Верушевски за душевна болка бара 71 илјади евра од државата зашто бил неосновано уапсен и притворен

Васко Маглешов

ВИДЕО: Ако не чуле обвинителите досега, еве сега нека истражат кој нè местел во „Пуч“, повика Заев

Васко Маглешов