Евроамбасадорот Жбогар во посета на Струга и Вевчани

Од:

Евроамбасадорот Самуел Жбогар денеска ќе престојува во посета на општина Струга каде ќе се сретне со градоначалникот Мустафа Забзуни.

Во Струга евроамбасадорот ќе отвори и фестивал на влашки јазик во рамки на проектот „Декада на припадност – Славење на различностите“, чија цел е да придонесе за подобрување на меѓуетничките односи во Југозападниот регион преку зајакнување на соработката меѓу граѓанските организации, јавниот и приватниот сектор.

Евроамбасадорот Жбогар ќе ја посети и општина Вевчани каде ќе има средба со градоначалникот Цветомир Угриноски и ќе изврши увид во градежните активности што се реализираат преку проектите „ЕУ за вас“ и „Рурален инвестициски фонд“, финасирани од Европската унија.

Би можело да ве интересира

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија

Русите го фалат Орбан – ЕУ подготвува „Шарена револуција“, сакаат да го соборат

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ

Водата во Струга не е исправна за пиење

Општина Струга на аукција ќе го продава „аудито“ на Мерко, почетната цена e 21.800 евра