А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Евроамбасадорот Жбогар во посета на Штип

by А1он26/04/2017 - 16:21205
Share0

Евроамбасадорот Самуел Жбогар денеска беше во посета на општина Штип, каде на средба со градоначалникот на Општината Илчо Захариев се информираше за проектите реализирани и кои би можеле да се реализираат во иднина со средства од Европската унија, како и за актуелната политичка ситуација во Македонија.

Добивај вести на вибер

– Во разговор со градоначалникот се запознав со градот и со можностите за соработка преку проекти кои би биле финансирани од ЕУ преку фондовите. Јас претходно бев на една средба која имаше за цел да го промовира новиот повик на ЕУ за аплицирање проекти за граѓанските организации. Слушнав од градоначалникот дека општината спровела важни инвестиции со средства од ЕУ и тоа ме радува, рече Жбогар.

На прашањето дека во моментов „За заедничка Македонија“ демонстрира и бара нови избори, Жбогар забележа дека правото да се изрази своето мислење е едно од основните права на луѓето.

– Знам дека има луѓе кои протестираат во Скопје и во некои други градови и добро е што можат да го изразат својот став. Се разбира дека ние како Европска унија одблиску ги следиме овие демонстрации, ги слушаме нивните пораки, пораките на демонстрантите. Тоа е еден од демократските принципи на кои се базира и ЕУ. Меѓутоа, во исто време во вашата земја, во Република Македонија имаше избори на кои што мнозинството на граѓаните го изрази своето мислење и во склад со тоа имаме Парламент кој што се формираше и врз база на тоа чекаме работите да се одвиваат понатаму, вели Жбогар.

На прашањето за излез од кризата и за барањето за лидерска средба Жбогар истакна дека не е задача на амбасадорите да кажуваат кој е излезот од кризата, туку тоа е задача на македонските политичари. Според него, дијалог треба да има, но во институциите, како што е Собранието на Реублика Македонија.

– Тоа што претставува загриженост барем за нас, тоа е дека се наближува 15 мај, датумот кога мандатот на градоначалниците и општинските совети, истекува и со самата неизвесност кој што овој датум го носи, рече Жбогар.

Штипскиот градоначалник Илчо Захариев изрази загриженост, како ќе функционираат локалните самоуправи по 15 мај, датум кога завршуваат ингеренциите на градоначалниците. За Захариев, ЕУ е единствениот пат и перспектива како за Македонија, така и на општините и нивниот развој.

– Ние цениме дека навистина ЕУ е нашиот пат и перспектива. Цврсто сум убеден дека ЕУ ќе ја поддржи Македонија во нејзината евро перспектива, и дека тоа ќе се случи наскоро, така што во овој момент Штип како град пулсира и секоја поддршка и помош која ќе дојде од ЕУ е повеќе од добродојдена за иднината на нашата општина, рече Захариев.

Евроамбасадорот Жбогар денеска имаше средба и со претставниците на граѓанските асоцијации од градот, каде во детали им го презентира проектот на ЕУ, ЕУ за тебе, и беа дадени детални насоки како овие асоцијации да аплицираат со свои проекти, за како би ги користеле средствата од европските фондови.

stipzbogar

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Павел Иванов е симбол на храброст и чесност, Штип заслужува лидер како него

Горан Наумовски01/10/2025 - 08:3101/10/2025 - 09:08

Се повеќе деца и вработени од штипско средно училиште се затруени со јадење од сендвичара

Горан Наумовски30/09/2025 - 11:03

Симптоми на труење од храна од сендвичарницата имаат 15 ученици од штипско средно училиште

Катерина Ѓуровски29/09/2025 - 11:24

Дино Мерлин настапи пред 100.000 луѓе во Штип

Предраг Петровиќ21/09/2025 - 22:0721/09/2025 - 22:10

Насилникот кој истепа две деца на натпреварот меѓу „Шкупи“ и „Брегалница“ во судница побара симултан превод

Горан Наумовски18/09/2025 - 10:22

Продолжен притворот за родителот, кој физички нападна двајца малолетни фудбалери на штипскиот стадион Бело Брдо

Катерина Ѓуровски02/09/2025 - 12:25
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен