Евроамбасадорот Жбогар во посета на општина Куманово

Од:

Шефот на делегацијата на ЕУ во Република Македонија, Самуел Жбогар денеска ја посети општина Куманово каде на средба со градоначалникот Зоран Дамјановски се запознал со прашањата кои го засегаат Куманово како општина.
 
Евроамбасадорот Жбогар рече дека со Дамјановски разговарале и за проектите реализирани во општината кои се финансирани од ЕУ, и се осврна на отпочнувањето на рехабилитацијата и изградбата на канализациската мрежа, проект поврзан со животната средина.
 
– Јас ја гледам мојата мисија, не само како мисија на справување со политички проблеми, со политички прашања, кои што се сконцентрирани во Скопје, туку јас планирам да излезам надвор од Скопје да посетувам општини, затоа што граѓаните на општините не живеат помеѓу министерствата, туку живеат во самите општини и токму таму, во општините се вистинските проблеми кои ги засегаат самите граѓани, проблеми кои се поврзани со водоснабдувањето, со канализациониот систем, со образованието, со економските проблеми и ред други прашања со кои се соочуваат самите општини, рече Жбогар.
 
Тој нагласи дека прашањето на животната средина преставува врвен приоритет на ЕУ на кое ќе се фокусира во иднина и додаде дека во овој контекст планира да посети и други општини.

Дамјановски информира дека проектот за реконструкција и изградба на канализациска мрежа е еден од најголемите ИПА проекти што Куманово го доби во последните десет години.
 
– Станува збор за рехабилитација и изградба на канализациската мрежа во должина од околу 25.700 метри, проект кој чини 4  милиони  580 илјади евра, рече Дамјановски заблагодарувајќи се на Европската канцеларија за поддршката на Куманово.
 
На средбата, додаде, било разговарано и за другите сегменти за развојот на економијата, економската миграција, за преспективата на младите, за образованието.
 
– Мислам дека најдовме многу заеднички ставови по однос на перспективите на Република Македонија и на општина Куманово, рече Дамјановски.
 
Евроамбасадорот Жбогар во рамки на престојот во Куманово го посети и Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост во градот. 

Би можело да ве интересира

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе

Трите деца пронајдени на улица се прегледани во болница, случајот го следи Центарот за социјални работи – Куманово

Горан Наумовски

Три деца пронајдени без свест во Куманово, сомнежот е на труење од вдишување лепак

Горан Наумовски

Бебе од Куманово затруено со средство за чистење – заврши во болница

А1он

Зголемен број пациенти со стомачни тегоби во Куманово

Млади кумановци украдоа маси и столови од локал, кражбата ја признаа во полиција

Горан Наумовски