Евроамбасадорот Жбогар на проштална средба кај претседателот Пендаровски

Од:

Претседателот Стево Пендаровски денеска на проштална средба го прими амбасадорот Самуел Жбогар, шеф на делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија.

На средбата, како што соопшти кабинетот на Пендаровски, се разговарало за актуелните состојби во земјата по формирањето на новата Влада, како и за приоритетите и реализацијата на реформите во контекст на аспирациите за членство во Европската Унија.

Претседателот Пендаровски изразил очекување дека во рамки на тековното германско претседателство со Европската Унија ќе се одржи првата меѓувладина конференција, со што ќе се означи и официјалниот почеток на пристапните преговори за членство.

Заблагодарувајќи се за севкупниот ангажман во изминатите четири години и за неговите силни заложби за напредок на државата на европскиот пат, претседателот Пендаровски изразил задоволство што за време на мандатот на амбасадорот Жбогар беше донесена одлуката од страна на земјите-членки за отворање на пристапните преговори со Северна Македонија.

Посакувајќи му успех во натамошниот професионален ангажман, претседателот Пендаровски изразил очекување дека амбасадорот Жбогар, како докажан пријател на нашата држава и во иднина ќе продолжи да дава силна поддршка за аспирациите на Република Северна Македонија за членство во Европската унија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Сиљановска-Давкова се бори за прв, а Пендаровски за уште еден мандат

МТВ: Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел

Пендаровски: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Пендаровски од Куманово: Поголема излезност за државата да чекори по зацртаниот пат

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

Горан Наумовски