Евроамбасадорот Орав ја посети Општина Илинден

Од:

Амбасадорот на Европската унија во Република Македонија, Аиво Орав денеска ја посети Општина Илинден и оствари средба со градоначалникот Жика Стојановски.

orav-03

Во рамки на посетата, амбасадорот Орав го посети новиот Дом на култура „Илинден“, изграден со заеднички средства од буџетот на Општина Илинден и Европската унија. Вкупната вредност на проектот изнесува 500.000 евра, од кои 200.000 евра се дел од проектот финансиран од страна на Европската унија „Општински награди“, за наградата што Општина Илинден ја освои за Локален економски развој, а 300.000 евра се обезбедени од буџетот на Општина Илинден.

Градоначалникот Стојановски и евроамбасадорот Орав позитивно ја оценија досегашната успешна соработка на Општина Илинден со Европската унија и најавија продолжување на таа соработка во областа на културата, инфраструктурата и заштитата на животната средина.

orav-01

Евроамбасадорот Орав беше пријатно изненаден од развојот на Општина Илинден, но и од Домот на култура „Илинден“, проект кој е од големо значење за жителите на Општината.

– За нас како општина која што динамично се развива и чиј број на жители постојано се зголемува од голема важност е примената на позитивните искуства кои што се имплементираат во Европската унија. Преку реализација на вакви проекти сме насочени кон создавање на услови за одржлив економски и социјален развој, како и квалитетен живот на сите граѓани,  изјави градоначалникот Стојановски.

orav-02

Во Домот на култура „Илинден“ беше организирана ликовна изложба, како и детската претстава „Дозволете ми да ви кажам една тајна за животната средина“, на која присуствуваа и дечињата од детската градинка „Гоце Делчев“.

Би можело да ве интересира

Каја Калас: Пакетот за проширување испраќа јасна порака – реформите даваат резултати

Лавров: ЕУ се претвора во милитаристички блок насочен против Русија и Белорусија

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

ЕК: Изборниот резултат е можност за напредок на Србија кон ЕУ

А1он

Зеленски: Европа мора да учествува во одлуките за завршување на војната

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски