ЕВН ја модернизира и реконструира дистрибутивната мрежа во Тетовскиот регион

Од:

ЕВН Македонија продолжува да ја модернизира и реконструира дистрибутивната мрежа во Корисничкиот енерго центар во Тетовскиот регион.

Од компанијата информираат дека краток период интензивно се работеше на дистрибутивната мрежа во Тетово, Желино, Јегуновце, Теарце, Брвеница и Боговиње. Инвестицијата во овие општини изнесува 1,5 милиони евра и со неа е реконструирана мрежата на сите критични точки и е изградена нова, особено во оние населени места каде е зголемен бројот на корисници.

– Во Тетово и околните села изградени се 12 трафостаници, седум други се реконструирани и поставена е кабловска линија од 8.160 метри. Исто така, изградена е подземна мрежа од 1.210 метри со среден напон и е реконструирана е среднонапонската мрежа во должина од 3.750 метри. Во нисконапонската мрежа поставени се подземни кабли од 11.349 метри и 15.405 метри нисконапонска воздушна мрежа, со што повеќе од 11.176 корисници ќе имаат стабилно снабдување со електрична енергија, соопшти ЕВН Македонија.

Оттаму нагласуваат дека ќе продолжат да инвестираат во дистрибутивната мрежа низ регионите, за подобрување на напонот и за сигурно снабдување на сите корисници со електрична енергија.

Би можело да ве интересира

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

Тошковски потврди дека советник назначен од него бил отстранет од Тетово – бара Внатрешна контрола да утврди зошто

Анита Петровска Рајковиќ

Полицајци кои не се контролирани од ДУИ да го напуштат штабот – „Вреди“ обвини дека началникот на Тетово го избркал советникот на министерот

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

Запалени две диви депонии во тетовско

За универзален снабдувач прифатена понудата на ЕВН Македонија електроснабдување ДООЕЛ Скопје и ЕВН Македонија АД Скопје