ЕВН го одбележa Меѓународниот ден на волонтерите

Од:

Волонтерите на ЕВН со активности во Скопје, Велес и Гостивар го одбележаа 5 Декември, Светскиот ден на волонтерството.

Во скопската населба Ново Лисиче во парк покрај станбени објекти, волонтерите на ЕВН направија игралиште за забава и рекреација од моторни гуми, електрични кабли и кабелски котури. Долж автопатот Скопје – Велес беа засадени 2.450 садници, а гостиварските волонтери ги разубавуваа просториите на Дневниот центар за лица со посебни потреби и ги едуцираа штитениците на домот за значењето на енергијата.

Волонтер во скопската група беше и претседателот на Управниот Одбор на ЕВН Македонија, Штефан Петер.

-Волонтирањето е желба и волонтерите за својот вложен труд не добиваат надомест. Со тоа се потврдува дека вредните нешта во животот не се секогаш креирани од парите, некогаш за тоа се потребни желбата, човековиот труд и идеите. Програмата за волонтирање на ЕВН е посебна по тоа што на вработените им нудиме целосна поддршка во реализацијата на волонтерските активности корисни за локалните заедници, како што е и денешната, изјави Петер.

Поддршка на активностите од проектот „ЕВН Волонтира“ даде и градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин, според кого, секој труд вложен во вакви проекти е за доброто на поединците и за локалната заедница.

Проектот ЕВН Волонтира се реализира и во соработка со граѓанската организација „Конект“ чиј што претставник Никица Кусиникова истакна дека ЕВН е позитивен пример за тоа како бизнисите треба да соработуваат со граѓанскиот сектор.

Би можело да ве интересира

ИНРМ за фактурите за струја: ЕВН нема капацитет и флексибилност да испорача соодветен квалитет на услуги кон граѓаните

Половина Македонија без струја

Катерина Ѓуровски

Пазар на електрична енергија: Оние кои го разбираат пазарот – и се подготвени да иновираат – ќе водат

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 16.05.2025 изнесува 89 евра за мегават час, на МЕМО 92,88 евра за мегават час

ЕДС со нов менаџмент и нови иновативни пакети за снабдување со електрична енергија

Левица го бара купопродажниот договор со ЕВН поради грабежот на граѓаните