ЕВН ги исклучи од мрежа должниците во Охрид

Од:

Наставата во најголемото основно училиште „Григор Прличев“ во Охрид од денеска се одвива со скратено време, поради тоа што вчера попладнето објектот беше исклучен од електричната мрежа поради неплатени долгови кон ЕВН.

Наставата се одвива со по 15-минутни часови, а одложени се и родителските средби закажани за денеска.

Од управата на училиштето се најавува состанок на Училишниот одбор, за изнаоѓање решение за проблемот.

Екипи на ЕВН вчера попладнето му ја исклучија струјата на училиштето поради напојување заради неподмирени долгови. Проблемот, според училишната управа е блокираната жиро-сметка заради која не можат да се исплатат средствата.

Без напојување со електрична енергија од синоќа е и Јавното претпријатие „Билјанини извори“. Причината е долгот од над осум милиони денари кон ЕВН. Општинските власти склучија договор со ЕВН за одложена исплата на долгот што го има „Билјанини Извори“ за потрошена електрична енергија, но поради лоша финансиска „кондиција“ јавното претпријатие успеа да сервисира само дел од долгот.

Би можело да ве интересира

Вработен во „ЕВН“ почина при извршување на работни задачи, телото е на обдукција

Левица: Со пари од граѓаните РКЕ го полни со кеш контото на ЕВН

Земјотрес со јачина од 3 степени утринава почувствуван во Охридско-струшкиот регион

Првите полски туристи од Вроцлав слетаа на аеродромот во Охрид, почнуваат две нови авиолинии од Вроцлав и Катовице

Охрид SOS со барање до Министерството за култура за итна привремена заштита на заштитена куќа во градот

Горан Наумовски

Лажниот доктор од Охрид доби казна затвор од пет години и шест месеци, а од измамените осум граѓани зел околу 56.000 евра