Во рамките на своите активности за јакнење на соработката и градење на цврсто партнерство со локалната заедница, Еуромакс Ресоурцес донираше спортска опрема за потребите на основното училиште Св. „Кирил и Методиј“ од Иловица, општина Босилово.
Учениците преку оваа донација добија комплетно нова спортска опрема и спортски реквизити, со што директно се поддржува и поттикнуваат спортските активности на учениците.
Донацијата на Еуромакс Ресоурцес, вклучува спортска облека (дресови), патики и спортски реквизити, како ранци, топки и слично. Спортската опрема е наменета за учениците кој посетуваат настава во ова училиште и ќе можат да ја користат при учество на спортски настани.
Спортската опрема што ја обезбеди Еуромакс Ресоурцес, беше предадена на користење на училишниот настан што се одржа во основното училиште Св. „Кирил и Методиј“ во Иловица. Овој традиционален настан се одржува секоја година во првата недела од октомври и е посветен на децата, т.н недела на детето. Како и секоја година, и оваа година фокусот беше ставен на првачињата кои за прв пат седнуваат во училишните клупи. Со донација на школски прибор успешни училишни денови им посака и градоначалникот на општина Босилово, Љупчо Колев.
На овој настан, свое обраќање имаше и претседателот на Управниот одбор и главен и извршен директор на Еуромакс Ресоурцес, Стив Шарп.
„Градењето на партнерски однос и јакнење на соработката со локалната заедница е од исклучително значење за Еуромакс. Ние сме исклучително задоволни што сме дел од локалната заедница, а денешната донација на спортска опрема за учениците е само дел од овие наши заложби. Еуромакс и во следниот период ќе продолжи да соработува интензивно со локалната заедница на различни проекти кои се од јавен интерес за жителите на овој регион. Искрено се надевам дека учениците што ќе освојат многу спортски успеси, а ние ќе продолжиме да ги подржуваме“, изјави Шарп.
Еуромакс Ресоурцес работи на развој на проектот за бакар и злато во Иловица, кој треба да започне со работа во 2017 година. Додека проектот е сеуште во раните фази од развојот, се очекува во него да бидат ангажирани околу 400 луѓе и да бидат инвестирани околу 500 милиони долари. Во насока на вклучување на заедницата и зајакнување на партнерството Еуромакс Ресоурцес отвори и Информативниот Центар во Иловица, каде што сите заинтересирани можат да добијат информации и да дадат свое мислење за проектот.