А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ЕУ со признание за осумте пратеници бидејќи конструктивно го поддржуваат законот за ЈО

by А1он12/02/2020 - 09:55458
Share0

Заменик-шефот на Делегацијата на Европската Унија, Џулијан Васало, се сретна со Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Васило им оддал признание за констриктивната поддршка за законот за Јавно обвинителство, за кои, пратениците имаа свои барања кои беа прифатени од владата.

Добивај вести на вибер

„ЕУ им оддава признание за нивната конструктивна поддршка за законот за Јавното обвинителство. Комесарот Вархеји се сретна со групата минатиот месец, нагласувајќи дека неговото усвојување би испратило сигнал за силна посветеност на реформите пред земјите-членки на ЕУ да одлучуваат за отворање пристапни преговори“, пишува Делегацијата на Европската Унија во Скопје.

Пратеничката Нола Исмајловска-Старова во името на пратеничката група, вчера од собраниската говорница посочи дека кога се гласаше Договорот од Преспа, 80 луѓе решиле да седнат и притиснат „за“ за да се заокружи во рекордно брз период членството во НАТО, а други избраа да останат покрај ѕидот во салата.

„Осум луѓе понесоа одговорност да опстојат на статутарните определби на својата партија, но и со тешките интереси на нашата држава. Емилија Александрова, Зеќир Рамчиловиќ, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов, Владанка Авировиќ, Крсто Мукоски и Елизабета Канчевска Милевска, бидете горди, бидејќи денес е денот во кој сите сме конечно повторно заедно, обединети и гласаме за Северна Македонија да ни биде побезбедна, посигурна и стабилна“, посочи Исмајловска-Старова.

nezavisna pratenicka grupanezavisni pratenici

Би можело да ве интересира

Мукоски за Милошоски: Добро знам во која барака под наем живееше во 2002 година, а колку имот има сега

Кристијан Ландов04/10/2020 - 15:52

Италијанскиот амбасадор Карло Ромео и врачи орден за заслуги на Владанка Авировиќ

Ана Ололовска24/09/2020 - 10:3524/09/2020 - 10:35

Независните пратеници од ВМРО-ДПМНЕ: Срамно е што Мицкоски нема доблест да го признае дебаклот

Жарко Настоски16/07/2020 - 15:18

Независната пратеници од ВМРО-ДПМНЕ го осудија објавувањето на снимките: Средбата со Мицкоски беше во канцеларијата на Мицевски

Ана Ололовска12/07/2020 - 15:0612/07/2020 - 15:19

Нова снимка: Мицкоски ги убедувал исклучените пратеници од ВМРО-ДПМНЕ да не гласаат за Законот за јавно обвинителство

Кристијан Ландов12/07/2020 - 11:3412/07/2020 - 12:07

Независните пратеници од ВМРО-ДПМНЕ: Дволичноста и лицемерието на Христијан Мицкоски сега ги слушна и јавноста

Ана Ололовска01/07/2020 - 14:2901/07/2020 - 14:35
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен