ЕУ со нов повик: Секој има право да демонстрира, но не насилно

Од:

Европската унија денеска повторно излезе со повик до сите граѓани на Република Македонија да останат смирени и да се воздржат од насилство, јавува дописникот на МИА од Брисел.

Маја Коцијанчич, портпарол на Европската комисија, по повод најавените утрешни протести и контра-протести во однос на судската разрешница на случајот „Монструм“, во име на официјален Брисел ги повикува македонските граѓани и политичките лидери во земјата „да се здружат во духот на конструктивен дијалог за решавање на прашањата кои го поткопуваат заемното разбирање и кооперативни меѓуетнички односи“.

– Сите граѓани имаат право да демонстрираат и да ги изразат своите ставови на мирен начин, но не и правото да се вклучат во деструктивни или насилни акти, вели Коцијанчич во изјава за МИА.

Гласноговорничката на неформалната Влада на Унијата го повтори минатонеделното соопштение и повик на канцеларијата на ЕУ во Скопје и истакна дека „додека секој меѓуетнички инцидент или обид да се поттикне нетолеранција е шанса да се политизира и да се искористи ситуацијата за лични или политички цели, тоа е исто така можност да се отвори дијалог и да се зајакнат врските меѓу различните заедници“.

– Ова е можност за лидерите да застанат зад интегрираната земја што целосно ги почитува своите различности – порачува на крајот портпаролката на Кетрин Ештон, висока претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ.

Официјален Брисел е загрижен од можноста да дојде до ново насилство и нарушување на меѓуетничките односи во Република Македонија во текот на утрешниот ден, со оглед на тоа што освен протести на поддржувачите на осудените во случајот „Монструм“, овојпат се најавени и контра-протести од страна на оние кои даваат поддршка на пресудата доживотен затвор за убијците на четирите момчиња и еден возрасен човек на православниот празник Велики петок во 2012 година.

Би можело да ве интересира

ЕУ ја финансира Украина со замрзнати руски средства

ЕУ подготвува нов пакет санкции против Русија

Захарова: НАТО и ЕУ станаа дел од меѓународните терористички активности

(ВИДЕО) „Цела Европа ќе гори, опасноста се движи кон исток“: Алармантно предупредување од Одделот на ЕУ за вонредни ситуации

ЕУ го повика Иран да ја прекине воената поддршка за Русија

Арбен Фетаи е именуван за специјален пратеник за Европска Унија