А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ЕУ повика да се смират страстите во Македонија

by А1он04/01/2013 - 13:28180
Share0

Европската унија повторно апелира на смирување на страстите во Република Македонија, повикувајќи ги лидерите на политичките партии и нивните поддржувачи да ги почитуваат Уставот и законите на земјата, пренесува дописникот на МИА од Брисел.

Добивај вести на вибер

Новиот апел од Брисел, денеска официјално го пренесе портпаролот на Европската комисија Себастијан Брабант, а е идентичен со првичниот став пренесен преку Постојаната мисија на Унијата во Скопје, што беше лиферуван веднаш по судирите во и околу македонскиот парламент на 24 декември 2012 година.

Повикувањето на граѓанска непослушност и продолжувањето со протести манифестирани и преку блокирање на сообраќајни крстосници во Скопје и другите градови во Македонија од страна на активисти и поддржувачи на опозициската СДСМ, ЕУ не го поддржува и бара без одлагање да се стави крај на конфронтациите.

– Ние со загриженост ги набљудувавме политичките судири во и околу собраниската зграда и ги повикуваме сите страни веднаш да запрат сите агресивни и провокативни акции, порачува портпаролот Брабант.

Во изјавата за МИА, гласноговорникот на ЕУ додава дека мирното изразување на различните мислења е основата на силна и демократска нација, додека употребата на насилство од страна на кого било го поткопува тој систем и штети на можноста да се владее одговорно.

– ЕУ ги повикува лидерите на сите политички партии и нивните поддржувачи да стават крај на овие конфронтации, без одлагање. Ги повикуваме да се однесуваат на начин кој е во согласност со Уставот и законите, но и да делуваат низ расправа во Собранието што е во најдобар интерес на граѓаните кои ги избрале за да ги претставуваат нивните интереси во Парламентот, додава Брабант, со што испрати порака дека Брисел сака опозицијата да се врати во законодавниот дом и да не помислува на бојкот на претстојните локални избори.

Иако во ЕК никој не сака да коментира дали и како последните случувања во македонското политичко општество ќе влијаат на пролетниот извештај и можноста земјата да добие петта позитивна препорака и конечен почеток на пристапните преговори со Евроспката унија, факт е дека сите настани ќе бидат забележани.

eupartii

Би можело да ве интересира

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Горан Наумовски31/03/2026 - 21:23

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он28/03/2026 - 09:21

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Горан Наумовски27/03/2026 - 08:35

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски27/03/2026 - 07:4627/03/2026 - 07:46

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини

Горан Наумовски23/03/2026 - 08:42

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија

Горан Наумовски20/03/2026 - 14:09
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто