ЕУ мобилизираше два авиони од Грција за гаснење на пожарите во Македонија

Од:

Европската унија доби барање од Скопје за помош во справување со пожарите, со што македонските власти го активираа Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, извес портпаролката на Европската комисија за подготвеност Ева Хрнцирова.

– Како одговор, Центарот за координација на итни интервенции (ЕРЦЦ) мобилизираше два авиони од „РескЕУ“ од Грција да се распоредат во погодениот регион за брза интервенција, изјави Хрнцирова.

Таа додаде дека овие авиони за гаснење пожари се однапред распоредени на југот на Европа во пресрет на летната сезона за да можат веднаш да дејствуваат ако е потребно.

„РескЕУ“ претставува надградба на Механизмот за цивилна заштита на ЕУ со цел дополнителна заштита на граѓаните од катастрофи и за справување со новите ризици. Тој е основан како стратешка резерва на европските капацитети за одговор на катастрофи, целосно финансиран од ЕУ.

„РескЕУ“ се состои од флота од авиони и хеликоптери за гаснење пожари, авион за медицинска евакуација и основни резерви, кои вклучуваат теренски болници, транспортни средства, генератори, шатори, медицински материјали и опрема за одговор на хемиски, биолошки, радиолошки и нуклеарни вонредни состојби.

Би можело да ве интересира

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он

Гркинка остана без 40.000 евра и 100 златни монети – „ја прескокна“ првата, но „падна“ на втората измама

А1он

Димитриевски од Гостивар: Со Бугарија ќе разговараме, но од македонскиот идентитет не отстапуваме

Клековски: Ќе се преиспитува скрининг-програмата за рак на дојка

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице