А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ЕУ: Македонија да ги зајакне вработеноста, јавното здравство и социјалната заштита

by А1он18/05/2020 - 16:39242
Share0

Утре се одржува редовниот економски дијалог помеѓу ЕУ и земјите од западниот Балкан, оваа година со посебен фокус на социо-економските последици од кризата предизвикана од пандемијата на Ковид-19, јави дописничката на МИА од Брисел.

Следете a1on на Instagram Instagram

Во нацрт заклучоците подготвени од страна на Советот на ЕУ за Северна Македонија се издвојува фактот дека структурните слабости на македонската економија се нагласени поради здравствената криза, поради што е потребно земјата да продолжи со „ефективни и добро координирани структурни реформи“ за да се „ублажат последиците од пандемијата и да се забрза закрепнувањето по кризата“.

Економскиот дијалог помеѓу земјите на ЕУ и земјите од западниот Балкан е редовна пракса со која се испитува напредокот на регионот во однос на економските и финансиските реформи и подготвеноста на земјите да се справат со предизвиците од идното членство во Европската Унија.

За Северна Македонија ќе биде од голема важност да ги зголеми напорите во борбата против корупцијата, како и да го засили владеењето на правото и транспарентноста за поефикасно справување со последиците од кризата, смета Унијата.

Следете a1on на Youtube YouTube

Зајакнувањето на јавното здравство е една од поважните структурни реформи на кои Северна Македонија ќе треба да се фокусира во иднина.

– Главните предизвици од Ковид-19 се поврзани со областа на јавното здравство, зачувувањето на вработеноста и подобрувањето на социјалната заштита, на бизнис средината и помошта за приватниот сектор, стои во нацрт заклучоците и се додава дека пандемијата претставува посебен притисок за здравствениот сектор, откривајќи траен недостиг на финансирање и слаб капацитет за справување со кризата, се вели во документот.

Во февруари годинава, Северна Македонија ја доставила својата економска реформска програма за 2020-2022, додека пак препораките од мај 2019 се „делумно имплементирани“ иако економскиот раст е зајакнат изминатата година, главно благодарение на домашната побарувачка и со поддршка на „експанзивни политики“, се посочува документот кој треба да биде усвоен утре.

Останува дека подобрувањето на макроекономската слика е загрозено од кризата со коронавирусот, како на домашно ниво, така и поради зависноста на Северна Македонија од ЕУ, нејзиниот главен трговски партнер. Поради новонастанатата ситуација, проекциите на ЕУ од минатата година веќе не важат.

Се поздравуваат првичните брзи и „смели“ реакции на властите за справување со кризата, како што е помошта за најзагрозените сектори, заеми без камата за мали и средни претпријатија, субвенции за работодавците или пак помошта за ранливите семејства во неформалната економија.

ЕУ е свесна дека поради мерките за закрепнување и глобалната рецесија, Северна Македонија ќе се соочи со одлагање на роковите за намалување на јавниот долг, но очекува од властите да се навратат на оваа цел по првичниот шок врз економијата.

Заклучоците го поздравуваат и реформскиот напредок на властите врз пазарот на трудот во последните години, меѓутоа се предупредуваат властите дека кризата ќе ги загрози работните места, вклучително и оние од неформалниот сектор.

– Кризата ја истакна потребата постојано да се ревидира системот на социјална заштита со цел подобрување на нејзината координираност со мерките за вработување за да се подобри капацитетот на намалување на социјалната исклученост и сиромаштија, се додава во документот.

Унијата, исто така, предупредува дека оваа криза посебно ќе ги погоди малите и средните претпријатија, фриленсерите и малите семејни бизниси, на кои ќе им биде потребна итна помош.

– Ефикасноста на мерките за поддршка зависи од доброто владеење, координираноста и инклузивноста, како и способноста да се земе предвид неформалниот сектор, порачува ЕУ.

eu

Би можело да ве интересира

Романо Проди: Ако АфД победи на изборите во Германија, со ЕУ е завршено

А1он20/09/2026 - 19:2720/09/2026 - 21:38

СДСМ: „Секој што е за Европа и демократија – за Мицкоски е талог“

Горан Наумовски10/09/2026 - 08:2610/09/2026 - 09:04

Мерц: „Не може проблемите на 21 век да се решаваат со буџет од 20 век“

Горан Наумовски10/09/2026 - 06:54

Денеска истекува флексибилната примена на ЕЕС: Се очекуваат нови гужви на границите со ЕУ

Горан Наумовски06/09/2026 - 11:21

Македонците се послаби од европјаните – во ЕУ 16,3% од луѓето се дебели, во Македонија 15,4 %

Горан Наумовски05/09/2026 - 09:5705/09/2026 - 18:36

Фон дер Лајен: Да нема забуна – Европа е нападната

Горан Наумовски03/09/2026 - 10:18
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео