ЕУ и НАТО со честитки за уставните измени изгласани од Собранието

Од:

Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, први се огласија по гласањето за уставните измени во македонското Собрание вечерва, јави дописничката на МИА од Брисел.

Во име на Европската унија, Могерини и Хан „со цело срце“ му честитаат на Собранието за „круцијалниот чекор кон имплементација на Преспанскиот Договор.“

-Политичките лидери и граѓани ја покажаа својата одлучност да ја зграпчат оваа уникатна историска прилика за решавање на еден од најстарите спорови во регионот и одлучно да се движат напред на патот кон ЕУ, пососчуваат Могерини и Хан.

ЕУ, велат тие, силно го поддржува договорот од Преспа кој „поставува пример за помирување за регионот и за цела Европа“.

-Додека ги чекаме следните чекори кои водат до целосна имплементација на Преспанскиот Договор, ЕУ останува цврсто посветена да продолжи да ја придружува и поддржува земјата во заедничката цел на ЕУ интеграција, напишаа Хан и Могерини.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг од своја страна му испрати директен твит на премиерот Зоран Заев да му честита за крајното гласање на Собранието.

-НАТО силно ја поддржува целосната имплементација на Договорот, што е важен придонес за стабилен и просперитетен регион, порача Столтенберг.

Портпаролката на НАТО, Оана Лунгеску, потврди дека генералниот секретар на Алијансата му се јавил на Зоран Заев по телефон за да му честита лично за изгласаните уставни измени и отворањето на патот кон спроведување на Преспанскиот Договор.

Европратеникот Едвард Кукан од ЕПП исто така им честиташе на пратениците за, како што кажа, „одговорното“ гласање на уставните измени, кои го отвораат патот за имплементација на Преспанскиот Договор.

-Со нетрпение ја чекам евроатлантската иднина на Северна Македонија, твитна Кукан.

Европратеникот од социјалдемократската партија, Кнут Флекенштајн, му честиташе на „народот од Северна Македонија“.

-Парламентот се одлучи за европскиот пат. Ви благодарам премиере Заев и министре Никола Димитров што покажавте вистинско лидерство. Сега е на Европскиот совет да покаже исто така лидерство и да си ги исполни ветувањата, напиша европратеникот на Твитер, алудирајќи на датумот за преговори со ЕУ.

Би можело да ве интересира

Митрески: Борбата за работничките права не престанува никогаш

А1он

Меџити: Сакаме да бидеме фактор во влада која ќе биде европски ориентирана

Александар Тодески

Биљал Касами: Нашата програма ќе биде дел од идната владина програма и во неа се состојат уставните измени

Меџити не кажува дали Уставните измени остануваат услов за формирање на влада: Сега сме фокусирани на победата

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата