ЕУ го поздрави договорот за избор на специјален обвинител за аферата „Пуч“

Од:

Европската унија денеска го поздрави договорот за избор на специјален обвинител, кој беше постигнат меѓу четирите најголеми политички партии во Република Македонија.

„Ние го поздравуваме договорот што беше постигнат од политичките партии утринава во Скопје за избор на специјален обвинител, што, како што знаете е важен елемент од политичкиот договор што беше олеснет од комесарот Јоханес Хан и неколку европратеници во јуни и јули. Очекуваме усвојување на релевантен закон во Парламентот и очекуваме дека специјалниот обвинител ќе ја добие целата потребна поддршка за да ја исполни важната задача што ја има“, изјави Маја Коцијанчич, портпарол на Европската комисија.

Би можело да ве интересира

Девет држави ја блокираат Албанија во евроинтеграцискиот процес, Рама тврди: Има само едно вето

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он

Четворица нови обвинители во Обвинителството за организиран криминал и корупција

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски