Медијаторот Метју Нимиц се очекува на почетокот на јуни да побара одговор од Македонија и Грција за предлозите кои ги претстави на последната средба со амбасадорите Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис, пишува грчкиот весник „Етнос“.
Иако ја сфаќа тежината на задачата, Нимиц сака да добие одговор од двете страни пред самитот на ЕУ во јуни, јави дописникот на МИА од Атина.
„Ако се случи тоа, комесарот Филе ќе може послободно да се движи, кој сака да врши што е можно поголем притисок врз Атина Скопје да ги почне пристапните преговори со ЕУ“, пишува „Етнос“.
Според весникот, „Атина не планира категорично да го отфрли последниот предлог на Нимиц, но се очекува да бара што е можно пошироки промени за да се врати рамнотежата која треба да ја има предлогот за да се одржат надежите за постигнување договор“.
Во секој случај, Василакис има јасни инструкции од премиерот Андонис Самарас и министерот за надворешни рбаоти Димтирис Аврамопулос да му сигнализира на Нимиц дека предлозите како „Република Горна Македонија“ не се прифатливи затоа што не се во согласност со грчката позиција за географско дефинирање на терминот „Македонија“ а не на државното уредување, нагласува „Етнос“.