„Етнос“: Извештајот на Филе ќе се користи за притисок врз Грција

Од:

Пролетниот извештај објавен од страна на еврокомесарот за проширување Штефан Филе се претвори во отворен напор Македонија да излезе „чиста“ во однос на исполнувањето на европските критериуми и прашањето за добрососедски односи, пишува денеска „Етнос“.

– Комесарот не ги крие своите пријателски чувства кон Скопје во извештајот за кој во понеделник ќе дискутираат 27-те министри за надворешни работи на ЕУ на Советот за општи работи, констатира ’напредок’ во сите прашања во врска со ПЈРМ и се обидува да ја смени сликата со нагласување на ’нов импулс’ во процесот во кој посредува Нимиц. Извештајот на Филе се очекува да се искористи како средство за притисок врз Грција да ги прифати предлозите на Нимиц, кои отстапуваат од грчките позиции, заклучува весникот.

Весникот обвинува дека Филе „долго време организира начини како да го заобиколи грчкиот став, надевајќи се дека ќе биде во можност да наметне формула, која привремено ќе ја замени референцата ПЈРМ и ќе ја принуди Грција да прифати членство на земјата во НАТО и отворање на пристапните преговори со ЕУ“.

Во однос на односите со Грција, според „Етнос“, Филе „забележува само позитивни чекори додека брза да констатира дека новиот предлог од Нимиц создава ’нова динамика’, се разбира, не потпирајќи се на проценките на двете страни, туку на изјавата на Нимиц: Се надевам дека ова може да го отвори патот за сериозни разговори и можно решение.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија