„Етнос“: Игра за почеток на преговорите со Скопје

Од:

Под наслов „Игра за почеток на преговорите со Скопје“, весникот „Етнос“ денеска пишува дека еврокомесарот за проширување Штефан Филе со денешното објавување на привремениот извештај за Македонија игра и на „хартија“ во неговите напори да го поддржи Скопје и премиерот Никола Груевски.

– Филе, кој има склучено договор за промовирање на одлука за отворање на пристапни преговори со Македонија, дури и со нерешени разлики околу името, се надева дека ќе изврши притисок врз Атина и во комбинација со новиот предлог презентирани од страна на Нимиц ќе извлече согласност од грчката Влада на самитот во јуни, пишува весникот.

Според „Етнос“, последниот предлог на Нимиц, и покрај тоа што целата рамка на предлогот не е објавена туку само она што се однесува на името („Горна Република Македонија“), отстапува од грчката позиција и Атина не може да го прифати затоа што географска одредница пред зборот „Република“, практично значи укинување на одредувањето.

И опсегот на употреба на името, според новиот предлог, не е во согласност со грчките позиции затоа што остава голем отворен простор за употребата на новото име, што во пракса треба да ја замени референцата ПЈРМ, нагласува весникот.

Како што претходно јави дописникот на МИА од Атина, грчки дипломатски извори по последната рунда преговори во Њујорк открија дека според најновиот предлог на Нимиц, името ќе биде за „најширока можна употреба“, а не ерга омнес како што бара Грција.

Сите грчки весници денеска ја пренесуваат и вчерашната изјава на премиерот Груевски дека предлогот „Горна Република Македонија“ засега е шпекулација и оти тој не би навлегувал во шпекулации.

„Ова е премногу сериозно прашање за да навлегуваме во шпекулации“, го пренесуваат одговорот на Груевски грчките медиуми и додаваат дека тој истакна дека како премиер на Република Македонија, негова должност е да бара мислење од народот за секое крупно прашањеза земјата.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски