ЕСМ: Мерки за заштита на вработените, производството согласно потребите

Од:

АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) информира дека се преземени сите мерки за заштита од коронавирусот со цел да се обезбеди здравјето на вработените. Посебни мерки се преземени во РЕК Битола каде се произведуваат 70 проценти од електричната енергија и кој е од клучно значење за електроенергетскиот сектор.

– Од изутрината на главната капија се поставени средства за дезинфекција на рацете, а во соработка со Синдикатот на АД ЕСМ и Синдикатот на РЕК Битола, секој од вработените доби заштитна маска и ракавици. Средства за лична хигиена на база на алкохол се поставени во сите работни простории каде викендов, пак, започна вонредна дезинфекција. Се дезинфицираат и автобусите, патничките автомобили, амбулантните возила. На сите огласни табли поставени се информативни летоци за превенција од ширење на корона вирусот. Во РЕК Битола од денес забранет е влезот за сите надворешни лица кои немаат ургентна потреба, се наведува во соопштението.

Од АД ЕСМ информираат дека производството на електрична енергија од капацитетите на РЕК Битола и на АД ЕСМ се одвива во согласност со потребите на електроенергетскиот систем.

Од работни обврски во Комбинатот се ослободени 100-тина вработени заради грижа на деца до 10 години, а се прави и дополнителна внатрешна реорганизација за да се обезбедат услови за работа од дома.

Би можело да ве интересира

Скандал во РЕК Битола: Обвинети се директори и раководители за злоупотреби со јавни набавки

ЕСМ е во колапс – Узунчев бара кризна состојба за да го покрие хаосот во претпријатието

Затворски притвор само за седум осомничени во милионската измама во ЕСМ „Дистрибуција“

Горан Наумовски

Милионска измама во ЕСМ „Дистрибуција“: Пријави за 33 лица и две фирми, 11 лица се уапсени, двајца се во бегство

Горан Наумовски

Замрзнат имот во Србија на бизнисменот Борче Марковски осомничен за злоупотреби во РЕК Битола

Битолското обвинителство вложи жалба за одлуката за домашен притвор за двајцата осомничени за јавни набавки во РЕК „Битола“

Предраг Петровиќ