Ештон: Подобро решение за името сега, отколку подоцна

Од:

Потребно е дискусиите за името да бидат конкретни и да се постигне договор. Ги охрабрувам политичарите од двете земји да го искористат големиот напор на медијаторот на спорот за името, амбасадорот Метју Нимиц, за конечно решение за спорот за името. Знам дека тоа е тешко сега, но нема друг начин за побрзо решение, подобро е сега отколку подоцна, рече Ештон на средбата со Груевски.

Таа порача дека новинарите мора да ги има.

„Мора да се одржи конструктивен и инклузивен дијалог со медиумите и со граѓанските здруженија, ова е од суштинско значење. Истото се посочува и во пролетниот извештај и, како што се вели таму, мора да се формира Анкетната комисија и да продолжи дијалогот со новинарите.

-ЕУ внимателно ја следи имплементацијата на договорот од 1 Март помеѓу двете партии. Особено во делот на анкетната комисија и медиумите. Токму затоа ги охрабривме политичките лидери да ги надминат поделбите и да креираат нов политички дух на соработка”, рече Ешттон.

Првиот евродипломат се осврна и на значењето на добрососедските односи и надминувањето на спорот за името. Таа добрососедските односи ги оцени како суштински и побара да се продолжи дијалогот и да се бараат решенија до постигнување договор.

– Процесот во ОН за решавање на спорот за името добива на сила и ги поттикнуваме двете страни да ги искористат напорите на Нимиц. Потребно е решение без одложување. Знам дека тоа може да биде тешко, меѓутоа не постои друга алтернатива, не постои друг начин да се оди напред, и да се дејствува поскоро е многу подобро отколку подоцна. Тоа е единствениот начин за напредок во однос на вашата евроинтеграција. Како што знаете евроинтеграцијата почнува дома, рече Ештон.

Би можело да ве интересира

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија