А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Ештон ги повика премиерите на Македонија и Грција да постигнат договор

by А1он01/10/2013 - 08:00104
Share0

Високот претставник на Европската унија за надворешна политика Кетрин Ештон ги повика премиерите на Македонија и на Грција да постигнат решение на спорот.

Добивај вести на вибер

Ештон, која зборуваше во институтот „Вудро Вилсон“ во Вашингтон, направи споредба со премиерите на Србија и на Косово, кои со директни разговори успеаја да постигнат договор за повеќе отворени прашања, кој овозможува продолжување на интеграциите.

– Секогаш сум подготвена да помогнам, но ова решение, како во случајот на Србија и на Косво, зависи од тоа луѓето да се подготвени да ги направат потребните компромиси, да седнат на маса и да имаат повисока цел пред себе. А, повисоката цел е што можете да сторите за својот народ, изјави Ештон, на прашање на претседателот на Обединетата македонска дијаспора Мето Колоски за тоа што прави за надминување на спорот меѓу Македонија и Грција.

Ештон додаде дека Европската унија ги поддржува напорите на Обединетите нации да се најде решение за спорот, кое ќе зависи и од желбата да се биде дел од Европската унија.

Македонскиот премиер Никола Груевски, при неодамнешната средба со генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун во Њујорк најави и личен ангажман на Бан да се реализира македонското барање за двете страни да седнат на високо ниво, нешто што грчкиот премиер Андонис Самарас одбива да го стори.

Самарас, кој исто така е во посета на САД, денеска почнува подолг престој во Вашингтон каде ќе се сретне и со потпретседателот на САД Џо Бајден. Самарас го избегна Генералното собрание на Обединетите нации, на кое вицепремиерот Евангелос Венизелос не дискутираше подетално за спорот за името, освен да побара Македонија да ја прифати грчката формула според која новото име треба да се употребува во сите ситуации.

Самарас во Њујорк се сретна на затворен брифинг со грчките новинари, на кој не коментирал за спорот за името, а главна тема на разговор била големата полициска акција против неонацистичката партија Златна зора и економската криза во која е земјата .

imeto

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска05/05/2023 - 15:1705/05/2023 - 15:20

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска03/11/2021 - 12:22

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска09/02/2020 - 13:0809/02/2020 - 13:36

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски30/01/2020 - 18:5731/01/2020 - 08:41

За Илија Димовски „Никогаш Северна“ по дома, но секогаш Северна во европските фотелји

Габриела Димковиќ-Мишевска24/12/2019 - 12:5324/12/2019 - 14:38

Габер не очекува застој во работата на македонско-грчкиот експерски комитет поради предврмените избори

Ана Ололовска11/12/2019 - 13:21
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен