Есенска дератизација во Куманово

Од:

Во наредните три дена ќе се спроведе есенската дератизација против глувци на подрачјето на општина Куманово, информираат надлежните од Секторот за инспекциски надзор.

Третманот ќе се изврши со поставување мамци во отворите од шахтите на постоечката канализациска мрежа, а ќе бидат опфатени и отворите што служат за собирање на атмосферската вода. Препаратот што ќе се користи спаѓа во група на антикоагуланти и ќе биде во облик на парафински блок.

– Се предупредуваат граѓаните да не се движат во близина на поставените мамци, а во случај на наоѓање на родентицидот на отворено, да не го допираат. Ако временските услови дозволат дератизацијата ќе трае три дена, изјави комуналниот редар Гордан Таневски.

Со дератизацијата, додаде, се очекува да бидат опфатени приближно 2.000 шахти.

Претходно дератизација беше извршена во април и мај.

Би можело да ве интересира

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе