Есад Рахиќ се враќа во СДСМ?

Од:

Димитар Бузлевски, некогашниот вицепремиер во владата на СДСМ, најверојатно ќе биде исклучен од партијата, за експремиерот Владо Бучковски сè уште нема конечна одлука, а Есад Рахиќ се враќа во редовите на СДСМ, јави „24 Вести“.

Социјалдемократите му порачаа на Бузлевски дека неговата независна кандидатура за градоначалник на Ресен е доволен мотив според статутот да биде исклучен од партијата.

Според информациите на „24 Вести“, на синоќешниот извршен одбор било договорено за две недели да заседава ЦО на партијата, кој би го исклучил Бузлевски, а би го вратил Рахиќ во СДСМ и тоа директно како член токму на ЦО. Според истите информации, за екс лидерот на СДСМ, за кого Црвенковски неодамна рече дека можно е да биде исклучен од партијата, не била донесена конечна одлука.

Бузлевски порачал дека опцијата да биде исклучен од СДСМ е статутарна можност на раководството на СДСМ, но сепак предупредил дека социјалдемократите после ваквиот чин, треба да бидат подготвени и на последиците од одлуката.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните