А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Ерјавец: Извештајот на ЕК за Македонија ќе биде позитивен

by А1он11/04/2013 - 12:49144
Share0

Пролетниот извештај за Македонија ќе биде позитивен бидејќи земјата покрај реализирањето на реформите прави одлични напори и во добрососедските односи кои се приоритет, оцени словенечкиот шеф на дипломатијата Карл Виктор Ерјавец на заедничката прес-конференција со неговиот македонски колега и домаќин Никола Попоски.

Следете a1on на Instagram Instagram

Словенија ја поддржува Македонија во ЕУ и НАТО-интеграциите, посочи Ерјавец и изрази надеж дека Скопје и Атина ќе најдат заедничко решение во однос на спорот со името.

– Словенија смета дека Македонија ги исполнува сите услови за полноправно членство во ЕУ и во НАТО. Се надевам дека Македонија и Грција ќе изнајдат заедничко решение за спорот со името и на тој начин ќе се забрза патот на земјата кон полноправно членство во евроатлантските организации. Добро паметам дека понекогаш е тешко да се изнајде такво решение. Словенија има вакво искуство со Хрватска, но со дијалог, добра волја и со голема енергија дојдовме до решение прифатливо за двете страни, рече Ерјавец.

Шефот на македонската дипломатија Попоски истакна дека пролетниот извештај за Македонија е резултат на динамичните декемвриски заклучоци на Европскиот совет, а ќе го одрази постигнатиот напредок во реформите. За добрососедските односи посочи дека Македонија е посветена на нивното унапредување преку интензивната комуникација со Бугарија и бројните иницијативи предложени до Грција.

Следете a1on на Youtube YouTube

Во однос на посетата на Кетрин Ештон, шеф на дипломатијата на ЕУ, Попоски со став дека е таа дел од редовната комуникација со Европската комисија.

– Се работи за нормална комуникација со ЕК по завршувањето на последниот пристапен дијалог на високо ниво. Ештон е фокусирана на дијалогот меѓу Белград и Приштина, но не мислам дека има корелација во однос на континуираниот процес кој го водиме во ОН за решавање на спорот со Грција, рече Попоски.

Во фокусот на денешните разговори на Ерјавец со Попоски било интензивирање на економската соработка и трговската размена меѓу двете земји со акцент на искористување на потенцијалите во областа на туризмот, енергетиката и особено термалните извори.

Двајцата министри нагласија дека ќе продолжи развојната помош која Словенија и ја дава на Македонија.

Ерјавец даде уверување дека и покрај економската криза во Словенија која, тврди, се должи на одржувањето на стабилноста на еврото, депозитите на македонските граѓани во НЛБ Тутунска се безбедни.

Ова е прва посета на шефот на словенечката дипломатија Ерјавец на Македонија по неговото назначување на оваа функција во новата словенечка Влада.

Ерјавец претходно во поранешниот владин состав ја вршеше функцијата министер за одбрана.

eumnr

Би можело да ве интересира

Фергусон: Не сакаме враќање во Европската Унија, сакаме подобри односи меѓу Лондон и Брисел

Горан Наумовски21/06/2026 - 21:06

Лавров: Властите на ЕУ се обидуваат да ги одвратат САД од постигнување трајно решение за Украина

Горан Наумовски21/06/2026 - 13:31

Маѓар: ЕУ не смее да ги заобиколи земјите од Западниот Балкан на сметка на Украина

Предраг Петровиќ19/06/2026 - 17:53

Хегсет: Европа треба да преземе водечка улога во одбраната на сопствениот континент

Горан Наумовски18/06/2026 - 14:28

Лавров: Не е лошо Украина да се приклучи на ЕУ – така ќе се уништи Унијата

Горан Наумовски17/06/2026 - 14:2917/06/2026 - 15:13

Мерц: Европа и САД го усогласија својот став за Украина

Горан Наумовски17/06/2026 - 14:28
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто