Епидемија на заразна жолтица во Посебното училиште во Ново Село

Од:

Во Посебното основно училиште „Климент Охридски“ во Ново Село е прогласена епидемија на заразна жолтица, иформира д-р Силвана Петкоска, специјалист епидемиолог од Центарот за јавно здравје во Струмица. Во училиштето се школуваат околу педесетина деца со попреченост, а дел од нив се сместени и во училишниот интернат.

-Издадовме наредба во наредните 15 денови училиштето да биде затворено, бидејќи досега се регистрирани 11 пациенти, кај кои е откриен вирусот Хепатитис А. Ваква одлука донесовме за да не се прошири болеста во установата, каде има вкупно 80 лица заедно со персоналот, вели д-р Петкоска.

Додава дека првиот случај е откриен минатиот месец, а вториот се појавил на почетокот на април. Се појавиле и нови случаи, а меѓу нив има и една воспитувачка.

Според д-р Петкоска состојбата ќе се следи и доколку нема нови случаи на заразна жолтица се очекува училиштето да продолжи да работи по велигденските и првомајските празници.

Би можело да ве интересира

МЗ: Забележано почетно намалување на бројот на новoпрегледани пациенти во Гостивар

А1он

Прогласена е епидемија во Гостивар

Прогласена вонредна состојба во Колумбија: Се шири опасна епидемија на вируси

Се бара прогласување епидемија на Голема кашлица во Скопје, 18 случаи досега

Анита Петровска Рајковиќ

Скопјанец собрал публика на турнир во мал фудбал, доби казна од 2.000 евра

Жарко Настоски

Се отвора Центар за дејствување во услови на епидемии и други јавно-здравствени вонредни ситуации