Елизабет Барсак: С. Македонија и Албанија не треба да се одвојуваат на патот кон ЕУ

Од:

Француската амбасадорка во Албанија, Елизабет Барсак, изјави дека Албанија и Северна Македонија не треба да се одвојуваат на нивниот пат кон интреграцијата во ЕУ.

Во интервју, вчера, за Еуроњуз Албанија, Барсак призна дека желбата за раздвојување на двете земји доаѓа од фрустрацијата поради ветото на Бугарија за Северна Македонија.

-Во однос на ова прашање, верувам дека треба да ја надминеме идејата дека овие два народа можат да се разделат. Знам дека многумина велат дека овие две земји биле третирани како една и бидејќи работите не одат толку добро меѓу Северна Македонија и Бугарија, тогаш тие треба да се раздвојат. Ова треба да се надмине и треба да дадеме се од себе за да може двете меѓувладини конференции да се одржат во исто време, изјави Барсак.

Албанскиот премиер Еди Рама, за време на неговото последно обраќање до нацијата во 2021 година, на 31 декември, рече дека ќе се обиде да го одвои патот на Албанија од Северна Македонија, доколку Бугарија опстои на своето вето. Европските дипломати и политичари, меѓутоа, континуирано се изразуваат против овој предлог.

Иако и Албанија и Северна Македонија формално ги исполнија сите барања, во јуни, лани, Советот за општи работи на ЕУ не успеа да постигне договор за почеток на пристапните преговори со ЕУ, поради бугарското вето за Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Украина и Молдавија ќе почнат преговори пред Македонија: „Проширувањето на ЕУ е секогаш политичка одлука“

A1on

(ВИДЕО) Денков: Бугарија нема да го смени ставот кон Македонија, сега преговорите се помеѓу ЕУ и Скопје

A1on

Хакер: Влезот на Северна Македонија во ЕУ е во интерес на Германија и на Унијата

Ана Ололовска

Сослушување во американскиот Сенат за влезот на С. Македонија во ЕУ, и за Западен Балкан

Ана Ололовска

Вархеји оптимист во однос на можноста за членство во ЕУ до 2030

Ана Ололовска