ЕЛЕМ: Врнежите поволно влијаат врз полнењето на големите акумулации, нема опасност од поплави

Од:

Врнежите кои последниве неколку недели во континуитет ја зафатија Република Македонија поволно влијаат врз хидролошката состојба на Охридското Езеро, како и на вештачките акумулации што се користат  за производство на електрична енергија и не постои опасност од поплави, информираат од АД ЕЛЕМ.

– Со оглед на сушната зима и отсуството на врнежи од дожд и снег, априлските дождови  го подобрија водостојот на акумулациите и во нив има доволно простор за прифаќање на дотоците од новите врнежи.  Во тој контекст, не постои каква била  опасност од преливање на водите или од поплавување на земјиште во реоните околу вештачките езера, велат од ЕЛЕМ.

Оттаму истакнуваат дека Охридското Езеро во моментов е на кота 693,46 метри или на 29 сантиметри од максимално утврдената  кота и во наредниот период  не се очекува поголем пораст на неговото ниво.

Мавровската акумулација пак е со исполнетост од 55,1 отсто и има доволно простор да прифати нови дотоци. Истото се однесува на акумулациите Шпилје,  Глобочица, Тиквеш и Козјак кои се исполнети меѓу 47 и 65 отсто  од својот  расположлив капацитет. 

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Бислимоски: За две години се инсталирани фотоволтаици со иста моќност колку РЕК Битола

Орце Костов

ЕСМ: Ставен во функција Блок 2 на РЕК Битола, подготвен за работа е и Блок 1

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ: Од денес во РЕК Битола не се произведува електрична енергија

Горан Наумовски

Николоски: Дали е случајно што РЕК Битола во време на Васко Ковачевски на иста фирма дава два тендери со исти суми, и двата со исти анекси од 20%

Реакција на ЕСМ за обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ