ЕЛЕМ: Тендерската постапка за избор на фирма за ископ во РЕК Битола е спроведена по итна постапка

Од:

АД Елем со писмено соопштение реагира на прес конференцијата на Васко Ковачевски од СДСМ.

„СДСМ во обид да собере ситно политички поени, се надминува во пласирање невистини за работењето на АД ЕЛЕМ. АД Електрани на Македонија најодговорно тврди дека сите постапки кои се спроведени се транспарентни и во согласност со законите. Во конкретниот случај, тендерската постапка за избор на фирма за ископ на јаглен и јаловина во РЕК „Битола“ е спроведена по итна постапка откако за тоа е добиено одобрение од Советот за Јавни Набавки, што јасно говори дека се почитувани сите законски регулативи.

Во интерес на вистината, зачувување на дигнитетот на компанијата и целосно информирање на јавноста, АД ЕЛЕМ на јавен увид ќе ја стави целата документација поврзана со постапката за избор на најповолен понудувач. Откако ќе се увидат фактите, очекуваме јавно извинување од господинот Ковачевски за грубите манипулации, а во спротивно ќе бидат преземени сите законски можности за поднесување тужба за клеветење. Исто така, укажуваме и дека медиумите кои ја пренесоа дезинформацијата од Ковачевски се должни да го пренесат нашиот демант.

АД ЕЛЕМ и понатаму останува максимално посветена на обезбедување сигурен енергетски сектор и ќе продолжи да носи одлуки кои ќе бидат во согласност со потребите на граѓаните и стопанството“ се вели во реакцијата на АД Елем.

Би можело да ве интересира

Бислимоски: За две години се инсталирани фотоволтаици со иста моќност колку РЕК Битола

Орце Костов

ЕСМ: Ставен во функција Блок 2 на РЕК Битола, подготвен за работа е и Блок 1

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ: Од денес во РЕК Битола не се произведува електрична енергија

Горан Наумовски

Николоски: Дали е случајно што РЕК Битола во време на Васко Ковачевски на иста фирма дава два тендери со исти суми, и двата со исти анекси од 20%

Реакција на ЕСМ за обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ

Митева: За да крадат на ископ СДС и ДУИ ја поништија набавката на механизација на Мицкоски од 2017