А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ЕЛЕМ: Тендерот за набавка на гумени траки за РЕК Битола не е завршен

by А1он09/09/2017 - 12:21184
Share0

АД ЕЛЕМ денеска информира дека тендерот за набавка на гумени траки за РЕК Битола не е завршен и оти двете досега одржани аукции се поништени по жалбите на другите учесници во наддавањето. Од ЕЛЕМ истакнуваат дека следната недела ќе се одржи ново наддавање.

Добивај вести на вибер

– Во врска со тендерот за набавка на гумени траки за РЕК-Битола во кој се споменува фирмата „Фероинвест“ сакаме да ја информираме јавноста дека за тој тендер досега се одржани две аукции, на кои, бидејќи набавката е поделена на три дела, најповолна цена понудиле три фирми, меѓу кои и Фероинвест. Аукциите потоа се поништени по жалби од други учесници во наддавањето, така што следната недела ќе се одржи нова аукција за овој тендер, велат од АД ЕЛЕМ.

Од компанијата посочуваат дека постапката за сегашниот тендер е почната во мандатот на претходното раководство на АД ЕЛЕМ. Првата електронската аукција е одржана и поништена во текот на тој мандат, втората е одржана и поништена по доаѓањето на новото раководство, а следната недела ќе се одржи јавно наддавање по трет пат.

Во соопштението се наведува дека претходното и сегашното раководство на АД ЕЛЕМ за фирмата „Фероинвест“ првично утврдиле дека има дадено најповолна цена само за еден дел од пакетот за набавка на гумени траки, додека за другите два дела од пакетот утврдено е дека најповолни понуди дале правни лица од Бугарија и од Полска.

– Сакаме да информираме и дека фирмата Фероинвест и во изминатите години, во одредени периоди, набавувала дел од потребната количина на гумени траки за РЕК-Битола, услуга која што ја извршувале и други фирми од земјата и од странство, стои во соопштението од АД ЕЛЕМ.

elemrek bitola

Би можело да ве интересира

Замрзнат имот во Србија на бизнисменот Борче Марковски осомничен за злоупотреби во РЕК Битола

Катерина Ѓуровски21/10/2025 - 11:22

Битолското обвинителство вложи жалба за одлуката за домашен притвор за двајцата осомничени за јавни набавки во РЕК „Битола“

Предраг Петровиќ10/10/2025 - 17:5810/10/2025 - 18:02

Судот одлучи: Нема затворски притвор за осомничените за местење тендер од 1,6 милиони евра во РЕК Битола

Горан Наумовски09/10/2025 - 20:4309/10/2025 - 20:52

ВМРО-ДПМНЕ: Криминалот на СДС со нивната омилена компанија Марковски излезе на површина

Горан Наумовски09/10/2025 - 16:08

Обвинителство: Нова истрага за злоупотреби во РЕК Битола, кривична против осум физички и едно правно лице за злоупотреби

Горан Наумовски09/10/2025 - 16:0209/10/2025 - 16:18

Меѓу приведените нема актуелни директори на РЕК Битола, реагира ЕСМ

Катерина Ѓуровски09/10/2025 - 13:57
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен