Електронската здравствена картичка ќе се надградува

Од:

Наскоро ќе се реши проблемот со печатење на нови електронски здарвствени картички, најави директорот на Фондот за здарвствено осигурување, Сашо Стефановски.

– Договорот што Министерството за здравство го има склучено со претходната компанија е истечен. Бараме заеднички начин брзо да го надминеме овој проблем и за многу скоро, можеби недели се во прашање, постапката за издавање на електронската здарвствена картичка ќе си оди редовно, изјави Стефановски.

Како институција, нагласи, планираме електронската здарвствена картичка дополнително да ја зајакнеме во системот, затоа што сметаме дека она што треба да го понудиме на нашите осигуреници се електронска и здарвстена услуга.

Истакна дека во моментов активни се над 1,8 милиони електронски здарвствени картички.

Би можело да ве интересира

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Во ФЗОМ средба за зголемување на платите во јавното здравство

А1он

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски