Екстрадиран Никола Константидис баран со меѓународна потерница

Од:

МВР во текот на вчерашниот ден ја реализираше екстрадицијата на 43-годишниот Никола Константидис од Ресен кој се бараше со меѓународна потерница распишана преку Бирото на Интерпол Скопје, поради негово бегство од издржување казна затвор во КПУ „Идиризово“, информира денеска портпаролот на МВР, Иво Котевски на ГП „Табановце“.

Претходно, додаде тој биле известени дека лицето по меѓународна потерница било приведено во Албанија, по што со албанската полиција, односно со Интерпол Тирана биле договорени сите детали од екстрадицијата и во текот на вчерашниот ден на ГП „Ќафасан“ околу 14:00 часот Константинидис бил преземен од македонската полиција и спорведен во КПУ „Идиризово“ за доиздржување на казаната.

Како што информираше Котевски, Константинидис е осуден на повеќегодишна казна затвор поради сторено кривично дело повразно со педофилија, полов напад на дете.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари