Експресно амнестирани пратениците, решенијата им се носат по дома

Од:

Пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љупчо Димовски, Љубен Арнаудов и Јохан Тарчуловски се помеѓу првите обвинети кои добија амнестија за „крвавиот четврток“, потврдуваат од Основниот суд Скопје 1 Скопје за „А1он“. Според адвокати на веќе амнестираните, решенијата уште вечерва им се носат по домовите.

Покрај петте пратеници, амнестија е одобрена и за вработените во кабинетот на поранешниот претседател на Собранието, Елена Божиновска и Иван Цветановски како и за обвинетиот Захарије Симовски, браќата Стефан и Михаил Младеновски, Митре Питроповски и Илија Славевски.

По барањата за амнестија одлучувал Кривичен совет, откако во неколку наврати судијката Добрила Кацарска одби да одлучува за амнестијата.

Од Јавното обвинителство информираа дека до денеска пристигнале вкупно 66 барања за амнестија од кои за 12 биле дадени позитивни мислења. Судот иако имаше рок од 5 дена да одлучи, не чекаше толку долго, па амнестијата била донесена уште денеска.

Обвинетите на кои ќе им биде одбиено барањето за амнестија имаат рок од 3 дена за жалба по издавање на решението.

Од 33 обвинети за 27 април барање за амнестија не поднесоа само Митко Чавков, Душко Лазаров, Игор Југ, Јане Ченто и Игор Дурловски.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба