Експлозија во центарот на Гевгелија, едно лице го загуби животот

Од:

Едно лице го загуби животот по експлозија која се случи попладнево околу 16 часот во продавницата на „Заре Комерц“ во центарот на Гевгелија. Неофицијално експлозијата е од плинска боца, а повредени биле уште три лица.

Противпожарната единица од Гевгелија и три екипирани возила на брза помош веднаш по дојавата интервенирале на терен. Според пожарникарите експлодирала плинска боца во продавницата, а од гевгелиската Општа болница информираа дека сите повредени биле веднаш префрлени на хируршкото одделение и потврдија дека еден има средно тешки изгореници од прв и втор степен, а двајца се полесно повредени. По санирање на повредите, од болницата велат дека пациентот со изгореници најверојатно со амбулантно возило ќе биде префрлено на лекување во клиничкиот центар во Скопје.

Истрагата за причините за тоа како дошло до експлозија ќе бидат познати по завршувањето на увидот кој е во тек.

Би можело да ве интересира

Индиции за убиство и самоубиство во случајот во Богданци

Катерина Ѓуровски

Две тела и опожарено возило кај Богданци

Катерина Ѓуровски

Шестгодишно дете тешко повредено откако било прегазено од камион во Скопје

Полицајка и раководител во Прифатниот центар за странци под истрага за тешка кражба и полово вознемирување

Катерина Ѓуровски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

Малолетник од Боговиње ранет во стомакот, наводно од случајно испукан куршум

Катерина Ѓуровски