Експертите контра Герасимовски: Не смеел да ја избрише марката „Беби биф“ без правосилна судска пресуда

Од:

Експертот за заштита на правата од интелектуална сопственост, професорот Љубиша Стефаноски, смета дека Горан Герасимовски, директорот на Државниот завод за индустриска сопственост, не смеел да ја избрише трговската марка „Беби биф“ без правосилна судска одлука. „А1он“ вчера објави дека директорот Герасимовски без да почека правосилна судска одлука, ја избришал трговската марка „Беби биф“ иако „Зола компани“, кои ја регистрирале трговската марка, го обжалиле на Управен суд решението на Државниот завод за индустриска сопственост за ништовност на трговската марка „Беби биф“ и се уште чекаат одлука по нивната жалба.

Лазаревски најави пријави за злоупотреба на службена должност за Герасимовски и вработените во Заводот за бришењето на трговската марка. – Герасимовски и Лазаревски

„Не смее да брише без правосилна судска пресуда во која ќе му наложат на Заводот такво нешто. Постапил спротивно на првична одлука на Заводот.  Тоа е единствена правна основа се до донесување правосилна судска пресуда. Во моментот на поднесување на барање за регистрација, како и регистрација во македонската база на трговски марки, истото автоматски се заведува и во меѓународна база на регистрирани трговски марки. Тоа е со цел некој во Индија ако сака да регистрира трговска марка преку меѓународната база да има увид да не биде слична или идентична неговата марка со друга која постои во светот каде тој би сакал на пример утре да продаде франшиза или има други деловни активности. Во случајот тие си донеле решение за ништовност, најверојатно и направиле бришење на марката од македонскиот регистар што автоматски е прикажано и во меѓународниот регистар“, вели професорот Стефаноски.

Државниот завод за индустриска сопственост денес до „А1он“ испрати демант во кој наведува дека во текстот со наслов „Герасимовски го избришал брендот ’Беби биф’ без правосилна судска пресуда: Вие сте инструирани“, биле објавени неосновани обвинувања во однос на постапката за бришење на трговската марка. И во демантот Заводот не даде објаснување зошто Герасимовски не почекал правосилна судска одлука од Управниот суд по жалбата од „Зола комоани“ за ништовноста на трговската марка, туку ја избришал иако постапката е во тек и тврди дека процедурата е законска.

Демантирајќи, самиот Завод потврдува дека во е тек судска постапка за ништовноста на трговската марка.

„Тековниот статус на трговската марка BABY BEEF(во збор), во базите на податоци на ДЗИС и на СОИС е „поништена/registration cancelled“ , но доколку во текот на понатамошната постапка се донесе поинакво решение, статусот на таа трговска марка соодветно ќе се измени“, стои во реакцијата од Заводот.

Истовремено, Заводот наведува дека втората заштита на трговската марка „Беби биф“ не е избришана, но не дава објаснување зошто едната ја избришале, а другата не ја избришале.

„Од друга страна, трговската марка на ЗОЛА КОМПАНИ, BABY BEEF (во изглед) ТМ/1329/2014, рег.бр.24958 е регистрирана и статусот во базите на податоци не е сменет – таквиот статус го следи текот на постапката за огласување ништовност за таа трговска марка“, објаснува Заводот.

Зоран Лазаревски, сопственик на „Зола комани“, објасни дека „Беби биф“ имала двојна заштита.

„’Беби биф’ имаше заштита и како збор и како слика. Тоа се две различни трговски марки. Ништовноста е дадена на трговската марка во збор. Спомнувањето на трговската марка во изглед е само дефокус од  страна на Заводот, оваа трговка марка се уште е легитимна и постои во Светскиот трговски регистар“, рече Лазаревски кој смета дека различните ставови на Заводот во однос на неговата трговска марка оставаат простор за сомнеж за корупција оти ништовноста на трговската марка е во корист на „Тинекс“ и „Веро“ со кои тој има судски постапки оти иако ја прекинале соработката со него, продолжиле да продаваат друго месо преставувајќи дека од неговата марка „Беби биф“.

Лазаревски најави пријави за злоупотреба на службена должност за Герасимовски и вработените во Заводот за бришењето на трговската марка, а вели дека ја изгубил и вербата во судовите па затоа кога ќе бидат завршени сите постапки во домашните судови правдата ќе ја бара во меѓународните судови.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Во Универзалната сала немало никој за време на пожарот, апелирам да не се шират шпекулации

Александар Тодески

Левица: Герасимовски одобри да се гради кај ,,Tреска” спротивно на препораката на антикорупциска

Целосно се забранува градење надвор од Генералниот Урбанистички план на Водно

Герасимовски: Зачестените контроли на градилиштата продолжуваат – инвеститорите да градат според одобренијата

Герасимовски: Подобри урбанистички и сообраќајни решенија во новиот ДУП Крњево 2

Горан Наумовски

Герасимовски: Нова градинка на две нивоа вцртана во новиот ДУП за Крњево 2