ДЗИС: Трговската марка „BABY BEEF“ е законски избришана

Од:

Државниот завод за индустриска сопственост најостро реагира на, како што велат „неоснованите обвинувања објавени на медиумот „А1 он“ во однос на постапката за бришење на трговска марка „BABY BEEF“.

Демантот го објавуваме во целост

Државниот завод за индустриска сопственост најостро реагира на неоснованите обвинувања објавени на медиумиот „А1 он“ во однос на постапката за бришење на трговска марка „BABY BEEF“.

ДЗИС постапи согласно одлуките на Управниот и Вишиот управен суд со што одлуките се правосилни и извршни и заводот е должен да постапи по истите а тие наложуваат да се донесе решение со кое трговската марка ТМ 2014/349 BABY BEEF се огласува за ништовна.

Дополнително, носителот на правото ЗОЛА КОМПАНИ не побарал меѓународна регистрација на трговските марки па следствено неговите трговските марки никогаш не биле впишани во меѓународниот регистар на Светската организација за интелектуална сопственост. Оттаму трговските марки BABY BEEF не можеле да бидат избришани од меѓународниот регистар бидејќи тие таму никогаш не биле впишани. Евидентно од видео-прилогот на медиумот „А1 он “ таканаречениот „Светски регистар“ на кој се повикува носителот на правото ЗОЛА КОМПАНИ е всушност WIPO Global Brand Database (База на податоци за трговски марки на Светската организација за интелектуална сопственост) во која се интегрирани базите на податоци на трговски марки на сите држави во светот што станале дел од таа глобална мрежа. Базите на податоци на трговски марки на Државниот завод за индустриска сопственост кои се достапни на веб страницата на ДЗИС: https://www.ippo.gov.mk/Search/TrademarkSearch.aspx се дел од глобалната мрежа на СОИС: https://www3.wipo.int/branddb/en/ . Сите промени на статусот на трговските марки автоматски се генерираат во базата на податоци на ДЗИС и консеквентно во глобалната База на податоци за трговски марки на СОИС, која тековно се ажурира.

Оттаму тврдењето дека трговската марка BABY BEEF e избришана од Светскиот регистар без да се почека одлуката за ништовност да стане правосилна е нејасно и неточно фразирање на носителот на правото. Тековниот статус на трговската марка BABY BEEF(во збор), во базите на податоци на ДЗИС и на СОИС е „поништена/registration cancelled“ , но доколку во текот на понатамошната постапка се донесе поинакво решение, статусот на таа трговска марка соодветно ќе се измени. Од друга страна, трговската марка на ЗОЛА КОМПАНИ, BABY BEEF (во изглед) ТМ/1329/2014, рег.бр.24958 е регистрирана и статусот во базите на податоци не е сменет – таквиот статус го следи текот на постапката за огласување ништовност за таа трговска марка.

Во однос на огласување на трговската марка BABY BEEF за ништовна, Државниот завод за индустриска сопствености постапи согласно своите законски надлежности и соодветните пресуди на судовите. Ваквиот начин на постапување не создава простор за сомневање за корупција и одлуките не се политички засновани.

Горенаведените информации, иако доставени до Вашиот медиум, не се пренесени во рамки на текстот. Погрешните информации и неосновани обвинувања изнесени во овој текст го нарушуваат угледот на Државниот завод за индустриска сопственост и неговите вработени.

Би можело да ве интересира

Левица: Герасимовски одобри да се гради кај ,,Tреска” спротивно на препораката на антикорупциска

Целосно се забранува градење надвор од Генералниот Урбанистички план на Водно

Герасимовски: Зачестените контроли на градилиштата продолжуваат – инвеститорите да градат според одобренијата

Герасимовски: Подобри урбанистички и сообраќајни решенија во новиот ДУП Крњево 2

Горан Наумовски

Герасимовски: Нова градинка на две нивоа вцртана во новиот ДУП за Крњево 2

Герасимовски: Повеќе зеленило, подобрени сообраќајни решенија и детска градинка во новиот ДУП Крњево 2